Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Сиљановска-Давкова: Потребен е нов импулс на мултилатерализам што ќе ги штити слабите

    Дон Флорентино во шок: Големата ѕвезда на Реал прави трансфер во Баерн Минхен?!

    (Видео) Кејти Пери и поранешниот канадски премиер повеќе не се кријат: Сите ги гледаат во Давос

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Муртезани во Копенхаген: Копенхашките критериуми се јазикот на демократијата и нашата најсилна гаранција
    Политика

    Муртезани во Копенхаген: Копенхашките критериуми се јазикот на демократијата и нашата најсилна гаранција

    02/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Сесијата беше посветена на значењето на Копенхашките критериуми и на постепената интеграција како инструмент за забрзување на процесот на проширување. Во своето обраќање, министерот Муртезани подвлече дека патот на Македонија кон Унијата не е техничка вежба на усогласување, туку стратешка неопходност за стабилноста и безбедноста на целиот континент. Тој потсети дека повеќе од две децении по ветувањето од Солун, европската перспектива на регионот не смее да остане недовршен проект, бидејќи секое ново одлагање не само што го поткопува кредибилитетот на Унијата, туку и ја ослабува нејзината стратешка улога во една крајно неизвесна геополитичка средина.

    Муртезани нагласи дека Копенхашките критериуми мора да останат водилка на процесот и дека Македонија е целосно посветена на нивната примена.

    „За нас тие не се само услови, туку јазикот на демократијата и гаранција дека нашиот напредок ќе се мери според фер и објективни стандарди, а не според билатерални пречки кои не му припаѓаат на јадрото на европската идеја“, рече министерот Муртезани.

    Тој се осврна и на концептот на постепена интеграција, оценувајќи дека таа не е замена за членство, туку мост кој ја чува веродостојноста на процесот додека не се заокружи со полноправно членство. Муртезани нагласи дека веќе се чувствуваат придобивките од оваа политика преку учеството на студентите во програмата Еразмус, пристапот до Единствената зона за плаќање во евра и растечката интеграција во единствениот пазар. Но, тој посочи дека процесот мора да се продлабочи преку постепено вклучување во Европскиот семестар, во механизмите за владеење на правото, во агенциите и програмите на Унијата, како и преку посилна соработка во областа на заедничката безбедносна и одбранбена политика.

    Муртезани исто така нагласи дека Македонија настапува со доверба и со јасна определба дека иднината на регионот е во Европската Унија. Тој потенцираше дека процесот на проширување не треба да се гледа како формално проширување на граници, туку како завршување на европската целина, што ја прави Унијата посилна, постабилна и поотпорна. Притоа, тој истакна дека европскиот пат на земјите од Западен Балкан е неразделив дел од безбедноста и кредибилитетот на континентот, а верноста кон Копенхашките критериуми останува најсилната гаранција дека тој пат ќе се движи во вистинската насока.

     

    Previous ArticleМакедонија во Шпанија ќе ја претставува визијата за транспарентна Влада, најави министерот Минчев
    Next Article Ревизија на МОН: Скапите владини преводи од престижни универзитети скапуваат по магацини

    Поврзани вести

    Сиљановска-Давкова: Потребен е нов импулс на мултилатерализам што ќе ги штити слабите

    21/01/2026

    Tошковски: Рекордни резултати на МВР, најниско ниво на криминал во последните 20 години

    21/01/2026

    Тошковски: Македонија не може веќе да си дозволи функционери од видот на судијата Ристов

    20/01/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Сиљановска-Давкова: Потребен е нов импулс на мултилатерализам што ќе ги штити слабите

    Дон Флорентино во шок: Големата ѕвезда на Реал прави трансфер во Баерн Минхен?!

    (Видео) Кејти Пери и поранешниот канадски премиер повеќе не се кријат: Сите ги гледаат во Давос

    Најдоброто од „Киненова“ од денеска во Кинотека

    НАЈЧИТАНИ

    Ѕвегорските суроваскари и годинава го бркаа злото од Пијанец

    14/01/2026

    СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА

    17/01/2026

    ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

    15/01/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.