Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Македонија во Шпанија ќе ја претставува визијата за транспарентна Влада, најави министерот Минчев
    Политика

    Македонија во Шпанија ќе ја претставува визијата за транспарентна Влада, најави министерот Минчев

    02/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Министерот Минчев во своето излагање истакна дека Министерството за јавна администрација, како координатор на процесот за Партнерство за отворена власт, безрезервно работи на вредности кои ја обликуваат визијата за отворена влада и кои се темел на довербата помеѓу институциите и граѓаните.

    „Во изминатите тринаесет години преку шест национални акциски планови вложувавме во транспарентност, отчетност и зајакнување на гласот на граѓаните. Тоа резултираше со потранспарентна и поодговорна влада, поефикасно управување со јавните ресурси и иновативни дигитални решенија што го подобруваат квалитетот на животот“, рече Минчев.

    Тој посочи дека во моментов се спроведува шестиот Национален акциски план за ПОВ (2024–2026), кој носи нови трансформативни решенија – од објавување на вистинските сопственици на компании што склучуваат договори со државата, до подобрување на пристапот до информации, транспарентност во концесии и јавно-приватни партнерства, унапредување на јавните консултации, редовно известување за родова еднаквост и приближување на парламентот до граѓаните преку мобилни настани и директна комуникација. Националниот акциски план е подготвен преку широк консултативен процес со над сто претставници од институциите и граѓанското општество, што е доказ дека ко-креацијата и инклузивноста се вистинска практика, а не само декларација.

    „Следната година ќе започне нов циклус – седмиот Национален акциски план (2026–2028). Тоа е можност да поставиме уште поамбициозни цели и да ја зацврстиме позицијата на Република Македонија како регионален лидер во областа на отворената власт“, додаде Минчев.

    Тој најави дека земјата ќе ја презентира својата визија и на претстојниот Глобален самит за ПОВ во Шпанија оваа есен, а во 2026 година ќе биде домаќин на регионалниот состанок на Западен Балкан.

    „Партнерството за отворена власт е повеќе од меѓународна иницијатива – тоа е платформа за рамноправност, доверба и соработка меѓу институциите и граѓаните. Успехот на ПОВ е резултат и на активната улога на невладиниот сектор, кој е наш коректив, партнер и двигател на нови идеи“, заклучи Минчев.

    Со овој состанок Владата ја потврди својата определба да продолжи со реформите за изградба на модерна, европска и отворена Република Македонија.

    Previous ArticleДве години затвор за Љамалари, кој ја нападна градоначалничката Арсовска
    Next Article Муртезани во Копенхаген: Копенхашките критериуми се јазикот на демократијата и нашата најсилна гаранција

    Поврзани вести

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    12/04/2026

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    12/04/2026

    Велигденска честитка од претседателката Сиљановска: Да го разбудиме духот на соборност и заедништво!

    12/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.