„Европа е многу позаинтересирана, особено со постепената интеграција, за што правиме сè што можеме. Она што треба да го направиме сега е да се осигураме дека напорите што ги вложуваме ќе дадат резултат што е можно поскоро. Сметам дека до 2030 година сите земји кандидатки од Западен Балкан можат да бидат членки на ЕУ“, додаде Муратезани.
Според него, денешниот собир во Копенхаген не е само состанок, туку е и порака дека земјите кандидатки за членство не се оставени надвор, туку седат на иста маса со државите членки на ЕУ.
„Тоа е вистинскиот дух на процесот на проширување“, истакна Муртезани.
Тој нагласи дека мотото на собирот „Од Копенхаген, преку Копенхаген, до Копенхаген“ уште еднаш ја испраќа пораката дека постои само еден патоказ и еден сет критериуми за зачленување во ЕУ – Копенхашките критериуми.
„Поради неколкуте политички пречки Македонија чека предолго, но ние сме посветени на нашата европска иднина и се обидуваме да ја обезбедиме“, додаде Муртезани.