Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Винчини ќе се издигне од пепелта, да помогнеме купувајќи ги производите на фабриката!

    Израел планира копнена офанзива и нареди иселување од Газа

    Премиера и во Подгорица: „Лов на дива свиња“ – женска борба за глас и правда

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Економија»АНАЛИЗА: Јавниот долг ќе се спушти под 60 отсто за четири години – нови проекции за должничката позиција
    Економија

    АНАЛИЗА: Јавниот долг ќе се спушти под 60 отсто за четири години – нови проекции за должничката позиција

    22/07/20254 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во следните три години, само по основа на доспеани еврообврзници, државата трeба да врати 1.900.000.000 евра. Во истиот период, јавниот долг ќе се одржува на ниво oд над 60% од БДП. Во новата Стратегија за управување на јавниот долг, се забележува дека државата спроведува политики на консолидација на јавните финансии, пишува „Порталб“. 

    Четири години по ред, вклучувајќи ја тековната 2025, следната 2026, 2027 и 2028 година, јавниот долг ќе биде над нивото од 60%. Стабилизација се предвидува во 2029 година. Новата Стратегија за управување со јавниот долг ги исцрта контурите на должничката позиција на државата, но и во овој документ и во неодамна усвоената фискална стратегија, не е нотиран новиот заем познати во јавноста како британски кредит кој според најавите ќе почне да се троши во 2027 година.

    Конкретно, според новите проекции на Министерството за финансии, оваа економска година ќе заврши со јавен долг на ниво од 62,1%, во 2026 и 2027 ќе се зголеми на 62,5%, а во 2028 ќе биде 60,8%. Во 2029 јавниот долг треба да се намали на 58,8%.

    Растечко темпо во следните две години ќе има и Државниот долг, годинава на ниво од 53,3%, следната година 53,9%, во 2027 година 54,6% а во 2028 и 2029 ќе биде во опаѓање.

    И во оваа нова Стратегија за управување со Јавниот долг повторно се потенцира дека државата спроведува политика на консолидација на јавните финансии со исртан лимит за висината на јавниот долг на ниво од 60% од БДП.

    „За да се задржи нивото на јавниот долг во одржлви рамки, без притоа да се наруши фискалната одржливост, се утврдува лимитот на вкупниот јавен долг на среден и на долг рок кој не треба да го надмине нивото од 80% од БДП“, се наведува во документот.

    Што се случуваше со висината на јавниот долг изминатите години?

    Податоците покажуваат дека од 2014 до 2024 јавниот долг само во две економски години бил повисок од 60% од БДП – во економски кризната 2021 година кога изнесувал 60,3% и лани кога бил на ниво од 62,4%.

    Иако следуваат години во кои Јавниот долг ќе се одржува на ниво над 60%, должничката позиција на државата, според Министерството за финансии, ќе остане стабилна.

    „Во периодот 2026-2030 се очекува продолжување на имплементацијата на пртеходно започнатите инвестиции од страна на носителите на јавниот долг, но со цврста определба да не се загрози долгорочната одржливост на нивото на задолженост на земјата. Покрај ова, дел од задолжувањето е наменето за покривање на буџетските дефицити, а дел ќе биде наменето за рефинансисрање на претходните долгови што достасуваат во наредниот период“, се наведува во Стратегијата.

    Попрецизно, во следниот период достасуваат поголеми износи за отплата по основ на еврообврзници. Па така, следната година ќе треба да се вратат 700 милиони евра за отплата на Еврообврзницата земена во 2020 година, во 2027 треба да се вратат 500 милиони евра за Еврообврзницата од 2023 година, а во 2028 треба да се отплати Еврообврзницата земена во 2021 та во износ од 700 милиони евра.

    Во следните три години, само по основa на eврообврзници, државата треба да врати 1.900.000.000 евра. Од друга страна, само следната година нивото на нето-задолжувањето, дома и во странство, само по основа на државен долг, ќе изнесува 800.000.000 евра.

    Креаторите на фискалните политики проценуваат дека во стабилни рамки ќе остане и гарантираниот долг, кој нема да надмине 15% од БДП. Оваа година гарантираниот јавен долг (долг за кој гарантира државата, а носители се други субјекти), ќе биде 8,3% од БДП, а следната година треба да се намали на 8,1%.

    Проекциите за јавен долг се дел од сценариото кое предвидува остварување на останатите економски параметри – раст на БДП повисок од 3,7%, инфлација пониска од 3%, пораст на капиталните и на приватните инвестиции и вработеноста.

    Previous ArticleRussian Military Objectives and Capacity in Ukraine Through 2024
    Next Article Трамп постигна договор за царини со Јапонија, растат акциите на автомобилите

    Поврзани вести

    Владата ќе го одобри договорот за грант во висина од 3,7 милиони евра добиен од ЕИБ за изградбата на Коридорот 8 кон Бугарија

    27/08/2025

    Српска Алта Груп побара запирање на постапката за преземање на Стопанска банка Битола

    26/08/2025

    Народна Банка ќе ги олесни условите за станбен кредит со поповолни услови за сите коишто за првпат ќе купат стан

    26/08/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Винчини ќе се издигне од пепелта, да помогнеме купувајќи ги производите на фабриката!

    Израел планира копнена офанзива и нареди иселување од Газа

    Премиера и во Подгорица: „Лов на дива свиња“ – женска борба за глас и правда

    Вучиќ не разбира што е демократија, Марта Кос одговори на навредите од српскиот претседател

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.