Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Љутков тврди дека дел од Спомен куќите во Велес се во добра состојба иако не се отворени за посетители
    Политика

    Љутков тврди дека дел од Спомен куќите во Велес се во добра состојба иако не се отворени за посетители

    03/09/20254 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Министерот Љутков попладнево ја посети и куќата на Аликара во која сега живее семејството Апасиеви, која е ставена под заштита на државата и моментално се реставрира.

    Тој на денешната редовна посета на културните знаменитости во Велес беше со директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јорданоски и директорот на ЛУ Народен музеj Велес, Ангел Коруновски. Тие денеска го посетија и Народниот музеј и манастирската црква на манастирот „Свети Димитрија“ кај Велес каде оваа лето се изведуваат конзерваторски работи од страна на тим на Националниот конзерваторски центар од Скопје.

    Како што појасни министерот Љутков, она што можел да види од посетата на спомен куќите е дека се во некоја кондиција и реално ќе им биде потребно мало освежување и обновување за ставање во функција за посетители од земјава и странство.

    „Направивме увид, ќе направиме анализа за да видиме што е тоа што во иднина треба да се помогне. Воедно ги разгледавме и сите можности како да се прошират овие капацитети. Едно е материјалната помош, а втората наша помош како Министерство и заложба е спомен куќите постојано да бидат отворени за посетители. Треба да го видиме и начинот на стопанисување, затоа што некои од нив се под ингеренции на Народниот музеј, а некои под ингеренции на локалната власт“, појасни Љутков.

    Додаде дека по денешниот увид ќе направат солидна анализа и ќе се договорат што да прават за наредната 2026 година.

    Во врска со состојбата со старите автентични градски куќи во маалото на Варналиите од левата висока страна на градот, каде една од куќите пред неколку години целосно  изгоре, директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јорданоски во одговор на новинарско прашање појасни дека по опожарувањето веднаш нивна екипа излегла на терен и веќе бил направен иден концепт за нивна обнова, но не биле ставени во годишната програма за 2025 година.

    „За оваа година ние како Национален конзерваторски центар за Велес  имаме три проекти, моментално се работи на конзервација на Куќата на Аликара или сега на семејството Апасиеви, за која се обезбедени околу четири милиони  денари. Во тек се конзерваторско-реставраторските процеси, но се работи на многу стари објекти од почеток на 20 век. Така што кога започнуваат конзерваторски интервенции се откриваат и непознати делови каде што требало да се интервенира, затоа што тоа се стари објекти. Во моментот се прави еден проект за статичка стабилизација и конструктивна стабилизација на објектот на оваа куќа, а  кога ќе заврши таа активност ќе се продолжи со реставрација на куќата на семејството на Апасиеви“, појасни директорот Јорданоски.

    Тој информира дека се работи на манастирската црква во „Свети Димитрија“, каде годинава работеле на истражување на фрескоживописот со недеструктивни методи.

    „Зошто, затоа што пред десетина години е откриен двослоен фрескоживопис во припратата – влезот на црквата, а точната година е 1297 година. За да не одиме со деструктивни методи се обидовме оваа година со термо камера да откриеме двослоен фрескоживопис, но произлезе дека таа метода не е практична за ова истражување, па ќе продолжиме со останатите. Мануелните методи никогаш не се на одмет да се случат ако другите  не дадат резултати. Затоа ќе продолжиме со такви истражувања“, најави Јорданоски.

    Директорот на музејот Ангел Коруновски истакна дека Спомен куќата на Кочо Рацин е најпосетена од ученици на екскурзии, но и од гости и туристи и разни делагации и здруженија во посета на Велес.

    Тој планира да се стават во функција и останатите две спомен куќи на Васил Главинов и на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, како и куќата на Касапови односно познатата „Куќа што лебди“ сите лоцирани во старото градско јадро на Велес под градската црква „Свети Пантелејмон. За тоа ја очекува поддршката од Министерството за култура и Националниот конзерваторси центар за нивна адаптација. Со двете институции се договара за поддршка и нивно ставање во функција за посетителите на градот.

    На новинарско прашање, за заштита и реставрација на преостанатите стари вредни велешки градски куќи во овој дел од градот, министерот Љтков и директорот Коруновски одговорија дека треба да се направи увид за да се утврди нивната сопственост и дали има можност некои да се откупат и заштитат.

    Прашани колку вкупно има стари велешки куќи, од Народниот музеј одговорија дека до пред десетина година тие имале евидентирано 80-тина стари велешки куќи од поранешните над 200. За  жал, додадоа,  сега нивниот број е намален на  едвај дваесетина. Воедно и голем дел од нив се оставени на забот на времето и негрижата од надлежните, поради што неповратно пропаѓаат, паѓаат и се рушат и со тоа засекогаш ги снемува од лицето на стариот дел од Велес од двете страни на Вардар

    Previous ArticleЗНМ и ССНМ: Недолично однесување на претставници на Министерството за здравство кон новинари е недозволиво
    Next Article „Визер“ додава шести авион во својата база во Скопје

    Поврзани вести

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Сиљановска Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО важни во време на безбедносни предизвици

    17/02/2026

    Нов протест на ССМ, овојпат пред Владата, се најавува и генерален штрајк

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.