Нема веќе дилеми. Ако сакаме нешто големо во квалификациската група Ј, оносно барем второ место и бараж за пласман на СП 2026, тогаш денешниот меч со Лихтенштајн мораме, ама баш мораме по секоја цена да го добиеме.
Македонија на изминатите четири меча има две победи и две ремија. На гости славевме со Лихтенштајн и Казахстан, а дома ремизиравме со Велс и Белгија. Имаме осум бода и сме втори на табелата веднаш зад Велс кој има 10 бода, но и меч повеќе.
Значи со победа и три бода денеска, нашата репрезентација ќе има 11 бодови и одново ќе биде прва и како лидер ќе го дочека октомврискиот циклус.
ТАБЕЛА