Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Винчини ќе се издигне од пепелта, да помогнеме купувајќи ги производите на фабриката!

    Израел планира копнена офанзива и нареди иселување од Газа

    Премиера и во Подгорица: „Лов на дива свиња“ – женска борба за глас и правда

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Најпреведуваниот словенечки писател Евалд Флисар е лауреат на „Прозарт 2025“
    Култура

    Најпреведуваниот словенечки писател Евалд Флисар е лауреат на „Прозарт 2025“

    05/09/20255 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Најпреведуваниот словенечки писател Евалд Флисар е лауреат на „Прозарт 2025“ . Покрај Флисар, гости на 13. фестивал ќе бидат српскиот писател и поет Небојша Лапчевиќ, бугарската писателка Елена Алексиева, една од најпознатите словенечки писателки за млади читатели Јана Бауер, како и домашните авторки – поетесата и романсиерка Лидија Димковска и прозаистката Хана Корнети.

    Во дополнителната програма на фестивалот ќе се одржи и промоција на книгата „30 современи грчки автори“ Скопје, 5 септември: Наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ (21-23 септември) по 13. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, годинава му припадна на словенечкиот писател Евалд Флисар. Наградата ќе му биде доделена на авторот лично, на свеченото затворање на фестивалот, во Даут Пашин амам во Скопје, на 23 септември. Флисар е најпреведуваниот словенечки писател и драматург, автор со извонреден меѓународен успех – неговите романи и драми се преведени на 40 јазици, со вкупно 270 изданија ширум светот. Неговите дела се поставувани на сцени во Лондон, Вашингтон, Рејкјавик, Москва, Мумбаи, Њу Делхи, Токио и во десетици други професионални театри на сите континенти.

    Флисар е автор на 18 романи, 16 драми, три книги есеи и бројни раскази. Тој бил претседател на Друштвото на словенечките писатели во три мандати (1995–2002). Добитник е на бројни награди, меѓу кои и највисоката државна награда за литература – Прешернова награда, наградата Жупанчиќ за животно дело, како и меѓународни признанија, вклучително и италијанската „La Magna Capitana“. Бил номиниран за меѓународната Даблинска книжевна награда и учествувал на повеќе од педесет книжевни фестивали и настани ширум светот. Тој е член на Словенечката академија на науките и уметностите. Неговиот роман „Чиракот на волшебникот“ (1986) е најчитаниот словенечки роман на 20 век, со 13 изданија во Словенија и бројни преводи. „Флисар е мајстор на раскажувањето и дијалогот, а неговиот јазик звучи со необична природност и во романите и во драмите. Преку остри конфликти на различни перспективи тој гради синтеза на севкупен светоглед. Со својата префинета синтеза на реализам, иронија, симболизам и чувствителност, Флисар заслужено се смета за наследник на Чехов, театарот на апсурдот и англиската и американската драма од втората половина на 20 век. Затоа наградата „Прозарт“ сосема заслужено му припаѓа на еден од големите балкански мајстори на пишаниот збор,“ – се вели во образложението за доделување на „Прозарт“.

    Претседател на жири комисијата за доделување на наградата е проф. д-р Ермис Лафазановски, а членови се проф. д-р Александар Прокопиев и Дејан Трајкоски. -Да бидам искрен, бев изненаден кога ме известија дека сум годинашен добитник на престижната книжевна награда „Прозарт“. Изненаден и почестен. Почестен затоа што наградата ме става во редот на автори достојни за највисока почит, дури и восхит, а изненаден затоа што осумдесет години од мојот живот и работа ги поминав далеку, не само од Македонија, туку и од она што популарно се нарекува Балкан, вели Флисар во чест на наградата. -Колку и да звучи чудно, ова ќе ми биде втора посета на Македонија (или Северна Македонија, како што сум должен да ја нарекувам сега). Првата беше кога имав 17 години, заедно со една убава девојка која исто така имаше 17. Во летото 1962 година патувавме по далматинскиот брег и преку планините на Црна Гора до Македонија, сè до Охрид, каде поминавме повеќе од две недели, пливајќи кај црквата „Св. Јован Канео“, повеќе заинтересирани еден за друг отколку за Македонија. После тоа, низ Македонија поминав само уште двапати, со автомобил, на пат кон Грција и назад кон дома. И тоа беше сè. Сè до денес, ден кој стана еден од најголемите во мојот живот. Престижната награда ме потсети дека јас не сум само Словенец, Централноевропеец со мајка Австријка и татко од унгарско потекло, и не само државјанин на Австралија и на Обединетото Кралство (студирав и живеев во Лондон дваесет години), и не само чест и почесен гостин во Индија, каде што имам најголем број преводи – 45, и каде што една моја драма, поставена во Калкута, се изведува веќе седум години, ниту само добредојден патник во 99 земји во кои сум патувал досега, туку сум и, не само географски, како што некои тврдат, туку во значителна мера и историски и културно, дел од Балканот, каде што длабоко во срцето секогаш сум се чувствувал како дома, без да најдам рационална причина за тоа. Можеби затоа што каде било на Балканот, вклучително и во Македонија, секогаш се чувствувам како пријател меѓу пријатели, повеќе дома отколку во поголемиот дел од светот. Токму тоа можеби е главната причина зошто сум толку благодарен за оваа награда – вели Флисар.

    Освен Флисар, гости на 13. издание на фестивалот ќе бидат српскиот писател и поет Небојша Лапчевиќ, бугарската писателка Елена Алексиева, една од најпознатите словенечки писателки за млади читатели Јана Бауер, како и домашните претставнички – поетесата, романсиерка и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик Лидија Димковска и Хана Корнети, писателка на проза и долгогодишна уредничка на академски и комерцијални текстови.

    Во дополнителната програма на фестивалот ќе се одржи и промоција на книгата „30 современи грчки автори“ Во рамките на ПРО-ЗА Балкан, годинава се одржува 12. програма „Скопје фелоушип“, која годинава се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија, а ко-финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

    Организатор на интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасада на Грција, Амбасада на Словенија, СПОНА, Амбасада на Шпанија, КУД Содобност, Умно.мк и Метрика Култура.

    Previous ArticleЏеки Чен ќе биде амбасадор на изложбата EXPO 2027 во Белград
    Next Article ЗНАМ најави двајца кандидати за градоначалници, во Центар и Куманово

    Поврзани вести

    Премиера и во Подгорица: „Лов на дива свиња“ – женска борба за глас и правда

    09/09/2025

    Почина Илинденка Петрушева, големата дама на македонското кино

    06/09/2025

    „Патување“ на Калиопи Трпчева во „Мала станица“

    05/09/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Винчини ќе се издигне од пепелта, да помогнеме купувајќи ги производите на фабриката!

    Израел планира копнена офанзива и нареди иселување од Газа

    Премиера и во Подгорица: „Лов на дива свиња“ – женска борба за глас и правда

    Вучиќ не разбира што е демократија, Марта Кос одговори на навредите од српскиот претседател

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.