Младата репрезентација на Македонија денеска од 18:15 часот во Битола на реновираниот „Петар Милошевски“ во вечерен термин под рефлектори го игра вториот дуел од тековните квалификации.
На првиот избраниците на селекторот Горан Станиќ загубија на гостувањето кај Полска со 3:0. Лош старт нема што но од друга страна статистиката вели дека тоа не мора да значи и лош завршеток на оваа кампања напротив. Македонија има одличен пример, „на своја кожа“ што се вели кој го тврди сосема спротивното.
Оние легендарни квалификации кои стартуваа во 2015 и кои не одведоа на Европското младинско првенство во Полска 2017 година исто така ги започнавме со гостински пораз од 3:0. Се случи тоа на Исланд, каде што имавме игра, имавме посед, имавме и шанси но не и концентрација до крај. „Блиц крик“ на домаќинот кој постигна три гола на брзина и приказната на тој меч заврши. Но започна и една нова. Онаа во која Македонија до крајот на таа кампања не загуби ниту еднаш, а бепе во група со Франција, Украина, Шкотска… и ја освои групата на крајот. И замина на ЕП.
Токму тој пример денеска треба да не води против Италија. Дека со еден загубен дуел не се губи цел квалификациски циклус. Дека секој меч носи нови три бода, и дека токму овие денешните против Италија, треба да бидат прекретница во овој наш квалификациски од.