Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Богојавление – Водици во Берово – Благој Дујовски, прв до светиот крст

    Петар Карбински од Пехчево беше најсреќниот кој успеа да го фати осветениот крст во осветените води во реката Писа

    Хаос во најава – „Лавовите“ стануваат на нозе за Македонија Ѓ.П

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Филипче ѝ порача на Владата економски да ги заштити граѓаните
    Политика

    Филипче ѝ порача на Владата економски да ги заштити граѓаните

    11/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    За тоа дали ќе имаат свој кандидат или ќе поддржат некој од независните кандидати за градоначалник во овој град, лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција рече дека за тоа, како и за другите кандидати ќе се одлучува на седницата на Извршниот одбор, по што нивните имиња ќе бидат соопштени во јавноста.

    Претседателот на СДСМ, Филипче на прес-конференцијата го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека вчера признал дека нема да биде интервенирано во цените на производите.

    „Жалам што вчера премиерот изјави дека нема да се интервенира во цените на производите, вклучувајќи ги и основните прехранбени продукти“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче додавајќи дека опозициската партија подолго време го зборувала тоа.

    Според него, Владата нема никаква намера да ги заштити граѓаните, ниту да балансира меѓу интересите на големите трговски синџири и потребите на обичниот народ. Практично, потенцира Филипче, вчера власта им порачала на граѓаните дека се оставени сами на себе, и дека станува јасно дека тие се премногу занесени од чувството на моќ или сосема ја изгубила врската со реалноста.

    Филипче рече дека инфлацијата „ги срозила“ платите. За тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека „инфлацијата значително забавува“, Филипче рече дека, според него, тоа не е вистина и оти земјава има инфлација меѓу највисоките во Европа, додека просечната инфлација во ЕУ е 2,1%, кај нас во август е 4,4%, двојно повисока. Само во август, во споредба со истиот месец лани, додаде тој, цените на храната пораснале за 6,7%, а овошјето и зеленчукот за над 11%. Оваа влада, според Филипче, е единствената во регионот која на ваков раст на цени реагира со игнорирање, посочувајќи дека во Албанија и во Србија веќе се планира зголемување на минималната плата од следната година.

    Тој повторно ја повика Владата да престане, како што кажа, „со игнорантноста и веднаш да донесе сет на конкретни и ефикасни економски мерки за помош на граѓаните“, обвинувајќи дека е урнат митот за економска способност на ВМРО-ДПМНЕ.

    Зборувајќи за изјавата на премиерот Мицкоски дека загаденоста не е висока по пожарите во Вардариште и во депонијата Дрисла, Филипче рече дека таа е „скандалозна“.

    „Луѓето знаат како дишеа вчера, неколку дена. Вклучуваа прочистувачи. Едноставно власта не прави ништо“, рече Филипче.

     

    Previous ArticleКасами тврди дека има тенденции да се создадат меѓуетнички конфликти низ целата држава
    Next Article Меџити: Улицата „Ферид Мурати“ во Чаир се реконструира со инвестиција од 1 милион евра

    Поврзани вести

    Мицкоски се пожали дека покрај новите проекти, мора да се враќаат и долгови на претходната Влада

    18/01/2026

    Мицкоски за тврдењата на Жан Митрев: Не ме изненадува, ќе го чекам Обвинителството да се изјасни

    18/01/2026

    Мицкоски: Салата Работнички во Центар добива целосно нов лик

    17/01/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Богојавление – Водици во Берово – Благој Дујовски, прв до светиот крст

    Петар Карбински од Пехчево беше најсреќниот кој успеа да го фати осветениот крст во осветените води во реката Писа

    Хаос во најава – „Лавовите“ стануваат на нозе за Македонија Ѓ.П

    Темпирани бомби: Три хороскопски знаци кои полудуваат за секунда

    НАЈЧИТАНИ
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.