Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Рашфорд нема да се врати во Јунајтед, кој пак нема да прави компромиси околу цената!

    Легенда на МЗТ Скопје ќе го предводи Гостивар

    Велика Британија се заканува дека ќе заплени танкер поврзан со Русија во ескалациски потег

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Членови на собраниската Комисија за надзор на безбедносните агенции денеска во АР
    Политика

    Членови на собраниската Комисија за надзор на безбедносните агенции денеска во АР

    11/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Откако во јавноста излегоа информации дека во периодот од 2019 до 2024 година се прислушувале новинари, бизнисмени и премиерот Христијан Мицкоски како тогашен лидер на опозицијата, од власта бараат одговорност, а од опозицијата декласификација на документацијата.

    „Нека појдат пратениците во сите агенции, и во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и  Агенцијата за разузнавање (АР), кажав што имав да кажам, нема што повеќе да зборувам“, рече вчера премиерот Христијан Мицкоски.

    Тој претходно во говорот на централната свеченост по повод Денот на независноста рече дека мора да има одговорност и дека не е прашањето дали да се декласифицираат документите, туку да запре прислушувањето.

    „Се следи и прислушува од 90-те години. И една иста структура, речиси исти луѓе и оперативци, блиски до минатата власт, оперираат со системот. Со ваквите чекори се удира по основите на демократијата, се удира по уставниот поредок, а последиците на таквиот извитоперен систем не само што уништуваат генерации луѓе, туку и ја доведуваат во опасност целата држава, каде на тацна го ставаат безбедносниот систем. Ваквите удари уништуваат и човечки судбини, најчесто и измислувајќи ситуации, контакти, додавајќи работи кои не постојат. За ова сум сведок и јас лично, гледајќи го материјалот од моето следење“, рече Мицкоски.

    Од опозицијата бараат декласификација на документацијата и најавија дека на прес-конференција ќе ја обелоденат вистината за АНБ.

    „Во законот јасно пишува дека одговорен за декласификација на документите, доколку постои сомнеж за криминал или злоупотреба, е самата институција, односно АНБ. Значи, од Агенцијата за национална безбедност и од директорот зависи дали тие материјали ќе се декласифицираат или не. Ние бараме да се декласифицираат, да видиме кои луѓе биле пратени, кои групации и зошто, да видиме дали имало прекршување од било кој – ако треба некој да понесе одговорност“, истакна лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче во интервју за „Слободен печат“.

    Директорот на АНБ Бојан Христовски изјави дека целата документација е предадена на Обвинителството, а оттаму на 5 септември информираа дека тим од истражители од  Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) биле во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во рамки на предистрагата за наводите за незаконско прислушување при што била договорена динамиката за спроведување на увидот во документацијата со која располага АНБ, а која се однесува на наводите содржани во известувањата доставени до ОЈО ГОКК.

    По објавувањето на информациите за прислушувањето, прашањето беше иницирано и во собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР кои вчера одлучија да извршат надзорна посета во АНБ и АР.

    Previous Article„Е*и ми го синот!“ – филм што ја тестира границата на фестивалот во Торонто, режисерот зборуваше за делото
    Next Article Локални избори 2025: На полноќ завршува рокот за увид во Избирачкиот список

    Поврзани вести

    Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

    06/02/2026

    Драган Ковачки е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, партијата го избра и новиот Извршен комитет

    06/02/2026

    Николоски – Миљаниќ: Потребно е воспоставување авиолинија меѓу Македонија и Црна Гора

    06/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Рашфорд нема да се врати во Јунајтед, кој пак нема да прави компромиси околу цената!

    Легенда на МЗТ Скопје ќе го предводи Гостивар

    Велика Британија се заканува дека ќе заплени танкер поврзан со Русија во ескалациски потег

    Трамп нема да се извини за споделувањето на избришаното расистичко видео на кое Обама e прикажан како мајмун

    НАЈЧИТАНИ

    СО ИСТОРИСКИ ЧАС ВО СОУ „МЕТОДИ МИТЕВСКИ БРИЦО“ ВО ДЕЛЧЕВО СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАНИ 154 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

    04/02/2026

    Мрежа за заштита од дискриминација: Законите важат за сите поеднакво

    06/02/2026

    Тошковски: Со Безбеден град имаме намалување за 32 отсто на повредени лица само во Скопје и 64 отсто помалку на загинати во сообраќајни незгоди

    03/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.