Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Никола Јокиќ „урлаше“ на клупата (ВИДЕО)

    Во најава Конзуларен ден за македонските граѓани во Пиемонте – можност за вадење документи без патување до Венеција

    Правата на работниците се само параван: СДСМ, Левица и ССМ одржаа заеднички протест со партиски обележја

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Скок од седум места за една година во однос на транспарентноста на Владата
    Политика

    Скок од седум места за една година во однос на транспарентноста на Владата

    20/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во соопштението се вели дека овој резултат претставува најсилен демант на тврдењата дека Владата нешто крие – напротив, ова е објективна потврда дека транспарентноста се унапредува и станува сè подлабоко вградено начело во работењето на институциите.

    „Дополнително, одговорно посочуваме дека Владата нема неодговорено прашање, ниту намерно задоцнување во одговорите до медиумите и јавноста. Нашиот став е принципиелен, секоја информација која е од јавен интерес мора да биде достапна навреме и во целост.

    Сите медиуми можат да потврдат дека Владата е експедитивна и ефективна во односот со јавноста, нешто што многупати е констатирано и признато од нивна страна. Во однос ма ‘Стратегијата за транспарентност’, сакаме уште еднаш да потсетиме дека тоа е документ оставен од претходната власт, кој содржеше мерки од формален карактер (како обуки за вработени). За нас, транспарентноста не е само форма, туку суштина. Не е само исполнување на минимален список на документи, туку создавање на култура на отчетност, отвореност и јавна достапност. Затоа секој наратив кој се обидува да ја сведе транспарентноста на формални рамки, кога ќе се соочи со аргументите и резултатите, ја губи тежината. Како Влада работиме и на нови документи, вклучувајќи и нова стратегија која ќе ја покаже нашата искрена намера. Како Влада сме свесни дека демократската легитимност бара целосна отвореност. Владата ја добива својата моќ од граѓаните и затоа мора да работи со постојана јавна контрола. Нашата цел не е само да исполниме индикатори, туку да обезбедиме граѓаните и медиумите навреме да ги добиваат клучните информации кои им се потребни за информирано учество и надзор врз институциите.

    Јавноста заслужува целосна и суштинска транспарентност, а Владата тоа секојдневно го демонстрира преку факти и резултати: скок од 7 места во активната транспарентност за само една година, максимална експедитивност кон медиумите, и постојано објавување на информации од јавен интерес. Нашата транспарентност е наш темел на довербата меѓу државата и граѓаните, и гаранција дека демократските институции функционираат во интерес на јавноста“, соопшти Владата.

    Previous ArticleМуцунски-Стоу: Одличните билатерални и пријателски односи се засновани на вредностите на безбедност, демократија и слобода
    Next Article Накарада: ЕУ не е сè или ништо за Западен Балкан – или ќе завршиме во Унијата, или ќе создадеме попристојни општества

    Поврзани вести

    Протест на ССМ за минимална плата од 600 евра, ќе продолжат до исполнување на барањата

    14/03/2026

    Нов експресен пат од Кочани преку Виница и Делчево до ГП со Бугарија

    13/03/2026

    Конститутивна седница на новиот локален Совет за превенција во Општина Берово

    13/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Никола Јокиќ „урлаше“ на клупата (ВИДЕО)

    Во најава Конзуларен ден за македонските граѓани во Пиемонте – можност за вадење документи без патување до Венеција

    Правата на работниците се само параван: СДСМ, Левица и ССМ одржаа заеднички протест со партиски обележја

    Иран ја затвора најважната нафтена рута само за своите непријатели: Новата порака од Техеран крена тревога

    НАЈЧИТАНИ

    Локалниот младински совет од општина Пехчево заедно со претставници од МВР ОВР Берово и РСБСП на сите возачи од понежниот пол – учеснички во сообраќајот им подарија каранфил

    08/03/2026

    Градоначалникот Александар Китански заедно со припадниците на исламската вероисповед на ифтарска вечера во село Црник

    13/03/2026

    Конститутивна седница на новиот локален Совет за превенција во Општина Берово

    13/03/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.