Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Сиљановска-Давкова: Потребен е нов импулс на мултилатерализам што ќе ги штити слабите

    Дон Флорентино во шок: Големата ѕвезда на Реал прави трансфер во Баерн Минхен?!

    (Видео) Кејти Пери и поранешниот канадски премиер повеќе не се кријат: Сите ги гледаат во Давос

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Деца од различни етнички заедници учат заедно преку проектот на ОБСЕ за инклузија и дијалог
    Македонија

    Деца од различни етнички заедници учат заедно преку проектот на ОБСЕ за инклузија и дијалог

    17/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Над 200 ученици, родители, наставници и партнери од граѓанските организации се собраа денес во основното училиште „Живко Брајковски“ во Бутел, Скопје, да го одбележат проектот „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

    Благодарение на оваа иницијатива триесет државни училишта воведоа заеднички наставни часови, овозможувајќи има на над 2000 ученици од македонската, албанската, турската, ромската и бошњачката заедница еден крај друг да учат природни науки, јазици, уметност и спорт. За многу од нив ова беше прва можност за делење на училницата со врсници од други заедници. Овие часови потврдија дека заедничкото учење, покрај академскиот напредок, промовира и почит, пријателство и трајна доверба.

    Понатаму, тринаесет граѓански организации ја преточија креативноста во јазик на дијалогот и инклузивноста. Преку музика, театар, стрип, филм и визуелна уметност тие директно вклучија 600 млади лица, а преку концертите и изложбите допреа до илјадници. Овие иницијативи им ги дадоа на младите луѓе алатките за спротивставување на стереотипите, за градење доверба и вдахнување толеранција во нивните заедници.

    „Мостовите изградени преку овој проект се силни и трајни,“ истакна амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. „Младите почувствуваа дека различноста не е слабост, туку извор на сила. Ова е нивни успех, а ние заедно ќе го продолжиме.“

    Честитајќи му на амбасадорот Вал, на колегите од ОБСЕ и на другите дипломатски партнери за нивната посветеност кон создавањето трајни врски, амбасадорката Агелер ја истакна споделената убеденост дека мирот и разбирањето се постигнуваат со намера и негување. Обраќајќи им се на студентите, амбасадорката Агелер ја потврди нивната суштинска улога во иднината на Северна Македонија, охрабрувајќи ги да ја употребат својата интелигенција, креативност, енергија и храброст и да изградат посветла и попросперитетна иднина за своите заедници и за регионот.

    „Мостовите изградени преку оваа иницијатива не се само симболични. Тие се силни, конкретни врски кои инспирираат надеж и единство. Со наградите што се доделуваат денес се одбележуваат извонредните постигнувања на младите чија визија и посветеност продолжуваат да го обликуваат патот кон подобро утре. Заедно, ќе продолжиме да градиме мостови кои надминуваат поделби, создаваат можности и ќе ги инспирираат идните генерации,“ изјави амбасадорката Агелер.

    Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, ја потцрта важноста на проектот за долготрајна кохезија: „ Преку интегрирано образование и меѓукултурна соработка, младите од основни и средни училишта чиј мајчин јазик е македонскиот, албанскиот, српскиот, босанскиот и турскиот јазик, преку заедничките наставни и воннаставни активности заедно изградија меѓусебно разбирање и трајни врски. Овие активности уште еднаш потврдија дека децата и тинејџерите многу лесно комуницираат, без оглед на нивните разлики, доколку возрасните тоа им го дозволат.”

    Previous ArticleУсвоен законот за енергетска ефикасност, соларните колектори стануваат задолжителни за јавните објекти
    Next Article МНТ со „Ничија земја“ ќе го отвори новиот европски фестивал „Acting Europe – театар без граници“ во Ќустендил

    Поврзани вести

    Снег на патиштата и во градовите, забрана за движење на камиони на Стража, Ѓавато и Пресека, како и на делниците Маврово-Дебар и Струга-Ќафасан

    21/01/2026

    Мицкоски: Развојот на економијата мора да се темели на инвестиции во енергетиката

    21/01/2026

    Судијата ги криел парите во ѕид зад кујнските плочки

    20/01/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Сиљановска-Давкова: Потребен е нов импулс на мултилатерализам што ќе ги штити слабите

    Дон Флорентино во шок: Големата ѕвезда на Реал прави трансфер во Баерн Минхен?!

    (Видео) Кејти Пери и поранешниот канадски премиер повеќе не се кријат: Сите ги гледаат во Давос

    Најдоброто од „Киненова“ од денеска во Кинотека

    НАЈЧИТАНИ

    Ѕвегорските суроваскари и годинава го бркаа злото од Пијанец

    14/01/2026

    СТРУМИЧАНКАТА ТИНА РУСЕВА Е ПРВА ВО ЕВРОПА – „ТHE VOICE OF EUROPE 2025“ МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВА ЅВЕЗДА

    17/01/2026

    ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

    15/01/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.