Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Општина Пехчево го одбележа 7 Септември – Денот на ослободувањето

    Изложба во Јавна соба „Од цитат кон толкување“: Љупчо Јованов – Љубац за симболите, слободата и внатрешната светлина

    Семејство Михаилови – нова тема за тензии меѓу Скопје и Софија

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Усвоен законот за енергетска ефикасност, соларните колектори стануваат задолжителни за јавните објекти
    Македонија

    Усвоен законот за енергетска ефикасност, соларните колектори стануваат задолжителни за јавните објекти

    17/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Задолжителни соларни колектори при изградба или реконструкција на училишта, градинки и јавни институции, финансиска поддршка за инвестиции во соларни панели, геотермални системи и паметни технологии, како и стратегија за реконструкција на станбени, јавни и комерцијални згради во енергетски ефикасни објекти се дел од новините кои ги носи новиот закон за енергетска ефикасност што го усвои Собранието на последната седница.

    Како што информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини законот треба да биде рамка што ќе ги проближи македонските практики до европските стандарди и која директно ќе придонесе за пониски сметки за граѓаните, почиста животна средина и отворање на нови зелени работни места.

    „Законот обезбедува суштински исчекор во намалување на потрошувачката на енергија, интеграција на обновливи извори и намалување на емисиите на стакленички гасови. Со неговото спроведување ќе се создаде стабилен систем кој ќе ја приближи земјата до европските климатски цели и до концептот на зелена транзиција“, велат од Министерството.

    Законот предвидува и воведување на европскиот принцип енергетска ефикасност на прво место и тројно зголемување на заштедата во јавниот сектор со задолжителна реконструкција на најмалку 3 отсто од јавните згради годишно. Предвидени се и високи стандарди во јавните набавки, дигитална транспарентност и професионализација на енергетските контроли, како и вклучување на сертификатите за енергетски карактеристики во Катастарот на недвижности и поттик за меѓуопштинска соработка.

    Од Министерството сметаат дека со усвојувањето на овој закон се воспоставува правна, економска и социјална рамка што ги намалува трошоците за граѓаните и бизнисите, ја забрзува интеграцијата на обновливите извори и овозможува креирање на одржлив енергетски систем.

    Previous ArticleКомпаоре: Веруваме во победа над шампионот
    Next Article Деца од различни етнички заедници учат заедно преку проектот на ОБСЕ за инклузија и дијалог

    Поврзани вести

    Николоски: Македонија гради пет автопати истовремено, наскоро започнува и шестиот

    06/09/2026

    Драма во Пехчево: Маж во ноќните часови седел со друга жена, ги затекнала сопругата

    06/09/2026

    Ако патувате во ЕУ, внимавајте: Од денеска подолги гранични проверки

    06/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Општина Пехчево го одбележа 7 Септември – Денот на ослободувањето

    Изложба во Јавна соба „Од цитат кон толкување“: Љупчо Јованов – Љубац за симболите, слободата и внатрешната светлина

    Семејство Михаилови – нова тема за тензии меѓу Скопје и Софија

    Младите повторно купуваат ЦД-а, продажбата расте

    НАЈЧИТАНИ

    Силен град го побеле беровскиот регион

    02/09/2026

    Општина Пехчево го одбележа 7 Септември – Денот на ослободувањето

    07/09/2026

    Драма во Пехчево: Маж во ноќните часови седел со друга жена, ги затекнала сопругата

    06/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.