Иницијативата „Сите за Палестина“, во пресрет на Генералната дебата на 80-то Генерално собрание на Обединетите нации, упати писмо до претседателката Гордана Силјановска-Давкова во кое побараа Македонија да го осуди геноцидот врз палестинскиот народ и да ја признае Палестина, како и итно да се побара прекин на огнот и влез на хуманитарна помош во Газа што не е дистрибуирана од Израел.
Во писмото, Иницијативата бара Македонија да почне да гласа за солидарност со палестинскиот народ на сите понатамошни гласања на ОН, да се воведат санкции, како и да престане со трговијата, културна, образовна и спортска соработка со Израел.
