Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    Мрежа за заштита од дискриминација: Законите важат за сите поеднакво

    „Шумите не се само наши“: Се отвори уметничка изложба посветена на балканскиот рис

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Амбасадорот Спахиу се сретна со претседателката на ВМРО ДПМНЕ – Албанија, Симонофски
    Политика

    Амбасадорот Спахиу се сретна со претседателката на ВМРО ДПМНЕ – Албанија, Симонофски

    24/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „На денешната средба со претседателката на новоформираното македонско друштво ВМРО ДПМНЕ – Албанија, Елена Горица Симонофски, разговаравме за активностите и идните планови на друштвото, со посебен акцент на соработката за зачувување и претставување на македонската култура и традиција во Тирана, но и низ целата територија на Албанија“, информираа од амбасадата.

    Во објавата на официјалната страница на Фејсбук, од амбасадата додаваат дека „како и секогаш, амбасадата останува посветена на поддршка на македонската заедница во Албанија, како и на зајакнување на врските и соработката со нашинците на овие простори“.

    Спахиу, упатил честитки и искрени желби за успех на новото друштво во неговата работа и идните активности.

    Новата асоцијација на Македонците беше регистрирана на почетокот на овој месец, кога Симонофски, за МИА изјави дека друштвото е формирано со една возвишена цел, да ги обедини сите Македонци во Албанија, без разлика на местото, улогата или политичката припадност.

    „Време е да зборуваме заедно, да дејствуваме гласно и да се избориме организирано за нашите права, идентитет и подобра иднина. Друштвото ќе биде дом за сите кои ја носат Македонија во своето срце. Ќе биде поддршка за активностите и иницијативите во насока на остварување на своите цели и поддршка на своите членови. Нашето мото е дека заедно сме посилни, заедно сме Македонија“, посочи таа за МИА.

    Освен оваа асоцијација на Македонците, во Албанија постојат и друштвата „Илинден“, „Преспа“, „Сонце“, „Мир“, „МЕД“ и „Прегор“, како и единствената партија Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ). 

    Previous ArticleИндекс на отвореност 2025: Најотворени општини се Крива Паланка, Берово и Демир Хисар, а најзатворена Демир Капија
    Next Article Николоски – Казидакис: Подобра регионална соработка во делот на инфраструктурата и изградба на брзата пруга на коридорот 10

    Поврзани вести

    Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата за зголемување на платите

    06/02/2026

    ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

    06/02/2026

    Муцунски: Посетата на Дубаи отвора нови можности за продлабочување на соработката со ОАЕ

    06/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    Мрежа за заштита од дискриминација: Законите важат за сите поеднакво

    „Шумите не се само наши“: Се отвори уметничка изложба посветена на балканскиот рис

    Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата за зголемување на платите

    НАЈЧИТАНИ

    СО ИСТОРИСКИ ЧАС ВО СОУ „МЕТОДИ МИТЕВСКИ БРИЦО“ ВО ДЕЛЧЕВО СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАНИ 154 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

    04/02/2026

    Мрежа за заштита од дискриминација: Законите важат за сите поеднакво

    06/02/2026

    Тошковски: Со Безбеден град имаме намалување за 32 отсто на повредени лица само во Скопје и 64 отсто помалку на загинати во сообраќајни незгоди

    03/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.