Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Богојавление – Водици во Берово – Благој Дујовски, прв до светиот крст

    Петар Карбински од Пехчево беше најсреќниот кој успеа да го фати осветениот крст во осветените води во реката Писа

    Хаос во најава – „Лавовите“ стануваат на нозе за Македонија Ѓ.П

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Од полноќ почнува кампањата за Локалните избори 2025
    Политика

    Од полноќ почнува кампањата за Локалните избори 2025

    28/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Од денеска на полноќ почнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември).

    Локалните избори на 19 октомври годинава ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10.490 кандидати.

    Државната изборна комисија на седница во петокот го заклучи Избирачкиот список на кој се запишани вкупно 1.832.415 избирачи.

    Претседателот на ДИК Борис Кондарко, информираше дека согласно евиденцијата на надлежните органи право на глас имаат вкупно 112.000 избирачи кои се на привремена работа или престој во странство, 2.162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица.

    Увидот во избирачкиот список траеше 20 дена, во кои граѓаните со право на глас можеа да ги проверат своите податоци и бараат корекции.

    Во државата се констатирани 3.480 избирачки места, од кои во 132 избирачки места се потпишани помалку од десет избирачи, на кои гласањето ќе биде спроведено на најблиското избирачко место.

    Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025 изнесува 9 милиони 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање. Дополнително на овие пари е и сумата за надоместоците на членовите на избирачките одбори и транспортот и дистрибуцијата на членовите на ИО и избирачкиот материјал од ОИК до избирачките места каде што ќе се гласа, бидејќи тие ги обезбедуваат локалните самоуправи.

    Според Изборниот законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Локалната самоуправа е организирана во 80 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Во состав на Градот Скопје функционираат 10 општини, кои имаат поделени надлежности со Градот. Изборите ги распишува претседателот на Собранието со донесување акт што се објавува во Службен весник. Изборите се одржуваат најрано 70, а најдоцна 90 дена од денот на распишување на изборите.

    Локални избори во Македонија се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

    Previous ArticleМасовен напад на Русија врз Украина, Полска затвори аеродроми и подигна борбени авиони
    Next Article Историска победа за Крива Паланка во ВАБА 2-лига

    Поврзани вести

    Мицкоски се пожали дека покрај новите проекти, мора да се враќаат и долгови на претходната Влада

    18/01/2026

    Мицкоски за тврдењата на Жан Митрев: Не ме изненадува, ќе го чекам Обвинителството да се изјасни

    18/01/2026

    Мицкоски: Салата Работнички во Центар добива целосно нов лик

    17/01/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Богојавление – Водици во Берово – Благој Дујовски, прв до светиот крст

    Петар Карбински од Пехчево беше најсреќниот кој успеа да го фати осветениот крст во осветените води во реката Писа

    Хаос во најава – „Лавовите“ стануваат на нозе за Македонија Ѓ.П

    Темпирани бомби: Три хороскопски знаци кои полудуваат за секунда

    НАЈЧИТАНИ
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.