Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Легенда на МЗТ Скопје ќе го предводи Гостивар

    Велика Британија се заканува дека ќе заплени танкер поврзан со Русија во ескалациски потег

    Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Сиљановска кај Македонците во Детроит: Во светот има едно семејство што се вика македонско
    Политика

    Сиљановска кај Македонците во Детроит: Во светот има едно семејство што се вика македонско

    29/09/20254 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Посакувам да бидеме во постојана врска, бидејќи во светот има едно семејство што се вика македонско, а знам дека во животот се може да смените само татковината не“, истакна претседателката.

    Таа укажа на фактот дека нашите луѓе можат да се натпреваруваат каде било, па и во најкомпетитивната Америка.

    „И затоа замислувам дека многу би значело да си ги задржиме врските. Вие не секогаш сте заминале од дома заради натпревар, многупати и поради лошите услови дома, поради неможноста најдобрите да се најдат на највисоките позиции, некогаш и заради кариерата, но сето тоа е пакт“, рече Сиљановска – Давкова.

    Таа раскажа дека за време на престојот во САД имала можност да сретне многу успешни бизнисмени како и што е тоа што и се допаѓа кај нив.

    „Кога ќе чуете луѓе како Крис Павлоски, на пример, којшто вели дека ‘Рамбл’ му е многу важен, ама сака неговиот син да знае да игра оро и го учи на тоа дека е Македонец, тоа ми влева надеж. Кога Мајк Зафировски летово побара со голема група луѓе да ме посети и тоа ми дава надеж дека ние ќе продолжиме заедно“, рече Сиљановска – Давкова.

    Споменувајќи дека софрата подготвена од нашинците во црквата во Детроит со традиционални македонски јадења ја потсетила на детството, рече дека тоа е нешто што овие луѓе, во битката да го задржат неменливото на татковината и што го пренесуваат на своите деца значи дека на тој начин опстојуваме.

    „Значи, каде и да сме ние тоа во нас македонското нема да го изгубиме. Не случајно сме тоа што сме. Мораме тоа што сме го наследиле да им го пренесеме на своите деца ако сакаме да опстоиме“, истакна претседателката Сиљановска – Давкова.

    Во однос на македонскиот јазик како наследство, таа посочи дека за нејзиниот говор во Обединетите нации, не само поради тезите, веројатно и поради мелодичноста на јазикот, многумина ѝ кажале дека звучел како песна.

    „Тоа ми го потврди и претседателот на Светското лингвистичко здружение пред многу години. Ова ми се повтори затоа што и овде ги чув прекрасните наши дијалекти. Тоа е нешто што сме го наследиле, тоа е нешто што не прави посебни, тоа е нешто без што нема идентитет. Е, тоа јас се обидувам да им го објаснам на нашите европски пријатели“, истакна Сиљановска – Давкова.

    Таа појасни дека се обидува да им објасни дека ние не бараме никаков ексклузивен статус, дека ние бараме да бидеме третирани како сите други.

    „Ние бараме да си ги почитуваат сопствените стандарди. Но, мислам дека е многу тешко, не велам неостварливо“, рече Сиљановска – Давкова.

    Се разбира, додаде таа, како што сите се горди на својот идентитет, на своите татковини, видов дека и вие сте.

    „Посакувам што почесто да се гледаме, да контактираме и да не ја заборавите татковината. Ви благодарам што се чувствувам како да сум дома“, рече на крајот од обраќањето претседателката Сиљановска – Давкова пред иселениците.

    Таа заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и македонската делегација присуствуваше и на литургијата во македонската црква во Детроит.

    Отец Синиша Ристовски, по литургијата на која присуствуваше и  митрополитот Американско-канадски Методиј, рече дека „денеска сме сведоци на историски момент, момент кој ќе остане во нашите спомени, момент кој сведочи дека лидерството, храброста и посветеноста кон народот не се само зборови туку дела кои го градат патот кон светлина, правда и мир“.

    „Вашето присуство е повеќе од чест, тоа е симбол на визија, мудрост и сила на решителноста. Вие носете одговорност која инспирира доверба, почит и надеж секоја ваша одлука, секоја ваша иницијатива и моќ да ги преобрази животите, да ги осветли патеките на вистината и да создаде мостови на соработка и разбирање меѓу народите. Нека вашето лидерство биде симбол на достоинство, правда и духовна моќ, а вашата служба траен спомен на одговорност, почит и истрајност“, порача отец Ристовски.

    Претседателката го посети и неделното црковно училиште кое се наоѓа во дворот на црквата, а го посетуваат 120 деца на македонски јазик.

    „Денеска кога го видов тој прекрасен амбиент со дечиња со книги токму во дворот на црквата, во куќата, во домот на црквата, сигурна сум дека имаме шанса да опстоиме“, истакна претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.

    МИА

    Previous ArticleПоранешната шефица на МИ5: Велика Британија можеби веќе е во војна со Русија
    Next Article Јокиќ ги избегнуваше медиумите на Евробаскет, но сега нема каде: Го чека прашање тешко 80.000.000 долари!

    Поврзани вести

    Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

    06/02/2026

    Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата за зголемување на платите

    06/02/2026

    ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

    06/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Легенда на МЗТ Скопје ќе го предводи Гостивар

    Велика Британија се заканува дека ќе заплени танкер поврзан со Русија во ескалациски потег

    Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

    Дебата: Трагедиите во романски „Колектив“ и македонски „Пулс“ како поука за властите

    НАЈЧИТАНИ

    СО ИСТОРИСКИ ЧАС ВО СОУ „МЕТОДИ МИТЕВСКИ БРИЦО“ ВО ДЕЛЧЕВО СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАНИ 154 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

    04/02/2026

    Мрежа за заштита од дискриминација: Законите важат за сите поеднакво

    06/02/2026

    Тошковски: Со Безбеден град имаме намалување за 32 отсто на повредени лица само во Скопје и 64 отсто помалку на загинати во сообраќајни незгоди

    03/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.