Close Menu
Malesh
    Актуелно

    (Фото/Видео) Таа го носи најтренди костимот за оваа есенска сезона: сите се свртеа додека поминуваше

    Попоски предупредува: Силен циклон носи невреме и поројни дождови, локално можни и над 200 литри

    Доаѓа „ИНА“: Весна Мојсова-Чепишевска со прва книга за деца и хероина што го менува погледот

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Минчев: Европеизацијата не почнува во Брисел – почнува овде во секоја општина
    Политика

    Минчев: Европеизацијата не почнува во Брисел – почнува овде во секоја општина

    07/10/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во своето обраќање истакна дека овие обуки се дел од континуираниот процес на градење нова култура на работа и нов дух во јавниот сектор.

    „Реформите во јавната администрација не се само ветувања или празни зборови во уште една владина програма, туку вистински дела што се гледаат, чувствуваат и го менуваат секојдневието на граѓаните. Нема модерна држава без модерна администрација. Нема доверба без професионални, одговорни и мотивирани службеници“, истакна Горан Минчев

    Министерот нагласи дека со овие обуки државата поставува нов стандард во начинот на кој се грижи за своите службеници, со повеќе од 600 обучени лица од претходниот циклус, а новиот циклус продолжува со уште поголем интензитет и покриеност низ сите региони.

    „Овие обуки се практични, современи, инспирирани од најдобрите европски примери и имаат за цел не само да пренесат знаење, туку и да ја менуваат културата на работење – да создадат службеници кои не работат затоа што мораат, туку затоа што сакаат да направат разлика“, рече Минчев.

    Тој потсети дека во изминатата година министерството направи сериозни чекори во реформите на јавната администрација – со нови законски решенија што ја зајакнуваат отчетноста и транспарентноста, модернизација на системот за човечки ресурси ИСУЧР, развивање на ЛМС системот за онлајн обуки и воведување на нови практики за професионализација и ефикасност.

    „Јавната администрација има важност како темел на државноста и двигател на европската интеграција. Европеизацијата не почнува во Брисел – таа почнува овде, во секоја општина, на секој шалтер, во секој службеник кој ја работи својата работа со чест, со почит и со интегритет. Јавната администрација не е трошок – таа е инвестиција. Инвестиција во стабилност, доверба и државност. Денес градиме систем што ќе биде транспарентен, човечки и европски по дух. Сега е моментот да покажеме дека државата може да функционира поинаку – со ред, со принципи и со резултати“, истакна министерот.

    Со вториот циклус на генерички обуки, се продолжува да се гради визијата за професионална, етичка и европска администрација посочи министерот и оцени дека администрацијатаќе биде гордост на државата и вистински сервис на граѓаните.

     

    Previous ArticleПретреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман
    Next Article Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

    Поврзани вести

    Средба Муцунски – Петрова во Софија

    08/10/2026

    Носат закони за да не трујат, реагираат екологистите

    07/10/2026

    Уставниот суд ќе разгледува осум иницијативи, меѓу нив и задолжителната медијација во спорови до еден милион денари

    07/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Таа го носи најтренди костимот за оваа есенска сезона: сите се свртеа додека поминуваше

    Попоски предупредува: Силен циклон носи невреме и поројни дождови, локално можни и над 200 литри

    Доаѓа „ИНА“: Весна Мојсова-Чепишевска со прва книга за деца и хероина што го менува погледот

    СЗО бара информации дали во Сибир има и втор заболен од Иститутот за истражување на чума, Русија вели тоа се дезинформации

    НАЈЧИТАНИ

    „Андон Компани“ презеде дел од превозот Кочани–Скопје со нови термини на поаѓање

    07/10/2026

    Собранието ќе ја одржи 125. седница – ќе се разгледуваат предлог-закони за јавната администрација, минимална плата

    07/10/2026

    Холандска делегација во посета на Собранието

    07/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.