Четириесет и две жител на Тетово доби кривична пријава откако било утврдено дека лани бесправно изградил објект во Национален парк Шар Планина, соопштија во Министерството за внатрешни работи (МВР).
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Д.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Во текот на 2024 година, на парцела во државна сопственост во с.Селце, пријавениот во својство на инвеститор изградил објект без соодветна одобрение за градба и узурпирал дворно место на територија на Национален парк Шар Планина“, се наведува во соопштението од МВР.
