Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Лафчиски во Пентагон: Потврдена високата доверба и соработката меѓу армиите на Македонија и на САД

    Уапсен 46-годишник од Штип кој прво лажно се претставил како полицаец, потоа одзел возило предизвикал незгода и нападнал полицаец

    У-16: Македонија ќе одигра два контролни натпревари против Летонија!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Јован Божиновски е нов директор на Клиниката за неврологија, комисии ќе испитуваат како работел Кузмановски
    Македонија

    Јован Божиновски е нов директор на Клиниката за неврологија, комисии ќе испитуваат како работел Кузмановски

    13/10/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Министерот за здравство Азир Алиу денеска го назначи д-р Јован Божиновски за нов директор на Клиниката за неврологија, откако претходно го разреши д-р Игор Кузмановски, по објавата на видеото во кое се гледа како докторот, во домашна атмосфера, меша бела прашкаста материја и зборува дека не може да шмрка „бело“ со амфетамини и спидови.

    „Имавме неколку состаноци за случајот викендов. Се чувме со претставници на Лекарската комора, веќе е формирана комисија од Министерството за здравство, а исто така е побарано и инспекциски надзор да се направи на клиниката, поврзан со докторот. Очекуваме резултати и истиот извештај ќе биде споделен со јавноста“, рече Алиу, кој додаде дека ќе се проверува колку пациенти прегледал Кузмановски и каков тип на услуги давал.

    Алиу потврди дека на Кузмановски му е истечена лиценцата за работа во март, но кажа дека за продолжување и издавање лиценци, надлежна институција е Лекарската комора.

    „Ќе чекаме од нив информација во врска со лиценцата. Ако давал здравствени услуги во време кога истечена му била лиценцата, тоа е спорно, но да оставиме да покаже истрагата што се случувало“, рече Алиу.

    На новинарско прашање, дали во некој од здравствените закони, Алиу ќе иницира проверка, односно токсиколошки анализи во редовните систематски прегледи на сите лекари, тој одговори дека лично е За такво нешто, но не е сигурен правно дали тоа може да се дефинира.

    „Би сакал да има таков член во законот, но дали може тоа да се вметне, не би сакал да ви кажам, кога не сум сигурен. Лично сум за“, одговори министерот.

    Новиот директор-невролог, кој е и асистент на Медицинскиот факултет, Јован Божиновски, кажа дека со право јавноста е загрижена после објавата на ова видео.

    „Но, ве уверувам дека од овој момент Клиниката ќе функционира непречено, сите дијагностички амбуланти ќе функционираат непречено, сите лекувања ќе течат нормално. Од денес ќе се формираат две интерни комисии на клиниката, со кои ќе се иницира внатрешен стручен надзор на минатиот директор во период од 12 месеци, за да се направи објективна проценка на услугите и стручните препораки кои ги давал. Откако ова ќе биде разгледано, ќе ја информираме јавноста за фактичката состојба. Ќе се поведе дисциплинска секако против него, но ќе почекаме извештај на ДСЗИ и стручната комисија на Мининстерството за здравство, да не избрзуваме“, рече Божиновски.

    Previous ArticleМицкоски: Да завршиме побрзо со локалните избори, па да ги решаваме работите во Град Скопје
    Next Article Од ноќеска поевтинуваат горивата

    Поврзани вести

    Уапсен 46-годишник од Штип кој прво лажно се претставил како полицаец, потоа одзел возило предизвикал незгода и нападнал полицаец

    10/03/2026

    ХЕРА: Неплодноста треба да се превенира, а не да се лекува

    10/03/2026

    Во рамки на активностите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Берово , на градскиот плоштад „Димитар Беровски“ во Берово се одржа и Хуманитарниот осмомартовски базар

    09/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Лафчиски во Пентагон: Потврдена високата доверба и соработката меѓу армиите на Македонија и на САД

    Уапсен 46-годишник од Штип кој прво лажно се претставил како полицаец, потоа одзел возило предизвикал незгода и нападнал полицаец

    У-16: Македонија ќе одигра два контролни натпревари против Летонија!

    Премиера на концертот за деца „Магичната флејта на Вулфи“

    НАЈЧИТАНИ

    Нова опрема за сениорската екипа на ОФК „Малеш“ Берово, донација од ресторанот „Мис Стон“ – Смојмирово

    06/03/2026

    Локалниот младински совет од општина Пехчево заедно со претставници од МВР ОВР Берово и РСБСП на сите возачи од понежниот пол – учеснички во сообраќајот им подарија каранфил

    08/03/2026

    Завршени Работничките спортски игри 2026 во Берово – победник е екипата на АРМ

    06/03/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.