Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Доделувањата на „Еми“ беа моден спектакл

    Следуваат два продолжени викенди во Македонија

    Села: Сите коалиции нè оставија на средина на патот, на наредните избори одиме сами

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Премиера на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“од Јохан Штраус II
    Култура

    Премиера на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“од Јохан Штраус II

    14/10/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    На 25 октомври со почеток во 20.00 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, во 20 часот.

    Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Верица Ламбевска.

    Во солистичката екипа настапуваат: Васко Здравков, Јане Дунимагловски/Дејан Стоев, Злата Тошевска Димовска, Ана Ројдева, Николина Јаневска/Соња Мадевска, Драган Ампов, Кристијан Антовски, Марјан Николовски, Јаворка Витанова и Тихомир Јакимовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.

    „Лилјакот“ е ремек-дело на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II, создадено во 1874 година. Оваа брилијантна оперета претставува маестрална комбинација на љубовни интриги, недоразбирања и комични ситуации, сместени во блескавиот виенски свет на валцери, балови и маскенбали. Штраус со својата непресушна музичка инвентивност и елегантна оркестрација создава партитура исполнета со валцери и арии кои зрачат со духовитост, шарм и живост. „Лилјакот“ е вистинска прослава на радоста, убавината и ведрината на животот – дело што повеќе од еден век ја воодушевува публиката ширум светот и останува вечен симбол на виенскиот шарм и музичката магија.

    Previous ArticleПремиера на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ на големата сцена на Националната опера и Балет
    Next Article Македонија го доби првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“

    Поврзани вести

    Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици за 2026/2027 година

    15/09/2026

    „Меѓу светови“ – мултимедијална изложба на Воскресија Андреевска

    14/09/2026

    Концерт на Македонска филхармонија во рамките на фестивалот „Денови на македонската музика“

    14/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Доделувањата на „Еми“ беа моден спектакл

    Следуваат два продолжени викенди во Македонија

    Села: Сите коалиции нè оставија на средина на патот, на наредните избори одиме сами

    Лагард: Европа мора да развие своја вештачка интелигенција или ризикува да биде отсечена од САД и Кина

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    „Светот на Хомер“: археологијата го оживува светот на „Илијада“ и „Одисеја“

    11/09/2026

    Мицкоски: Целосна невистина и неаргументирана изјава на опозицијата

    10/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.