Амбасадорката Тигањ во својот говор го честиташе основањето на ПХМ и посака успех во работата. Исто така ја истакна традиционално добрата и пријателска соработка помеѓу двете држави, подвлекувајќи ја важноста на заедничките европски вредности и поддршката што Хрватска ѝ ја дава на Македонија на патот кон Европската Унија.
Исто така имаше и видео обраќања со подршка за партијата од Адријан Вуксановиќ, пратеник во Собранието на Црна Гора и претседател на партијата Хрватска граѓанска иницијатива, Јасна Војниќ, пратеник во Саборот на Хрватска и претседател на Хрватскиот национален совет во Србија која се обрати и во име на претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ и претседателката на Комисијата за Хрвати вон Хрватска, Здравка Бушиќ како и обраќање на Карло Реслер, пратеник во Европскиот парламент
На конвенцијата се обрати и претседателот на Партијата на Хрватите во Македонија Ненад Немет, кој зборуваше за стратешките цели на ПХМ, зачувување и унапредување на хрватскиот идентитет, јазик и култура, како и активното вклучување на Хрватите во политичкиот, општествениот и културниот живот на државата.
„Хрватите се лојални граѓани кои активно придонесуваат за општествениот развој и зајакнување на демократските процеси во земјата. Важно е да градиме мостови на соработка и меѓусебно почитување меѓу различните заедници во Македонија, при што Хрватите се горд дел од мултикултурното ткиво на државата. Конвенцијата претставуваше важен момент за натамошно јакнење на врските меѓу хрватската заедница и институциите во Македонија, како и поттик за понатамошна подобра соработка со Република Хрватска“, рече Немет.
