„Центарот треба да биде место каде што децата слободно дишат. Доста е од бетон и чад, време е за планска трансформација,“ порачува Новотни.
Тој најавува конкретни мерки во урбанизмот и локални политики за унапредување на квалитетот на воздух.
„Наместо паркинзи и дивоградби, ќе создадеме зелени површини и коридори што ги филтрираат честичките, ќе правиме системско засадување и ќе ги идентификуваме сите извори на загадување“, вели Новотни.
Во делот на енергетиката и здравствената заштита, Новотни додава „ќе донесеме европски проекти за енергетска ефикасност и мерки што веднаш ќе ја намалат изложеноста на населението. Центар што не ни краде години од животот — тој Центар почнува овде.“
Во видеообраќањето до граѓаните, тој повикува: „Заокружи 8. Коалиција за зелена иднина.“
The post Новотни: Наместо паркинзи и дивоградби, ќе создадеме зелени површини во Центар appeared first on МКД.МК.
