Сеуште не стивнуваат позитивните коментари за новиот градоначалник на Берово, Петар Ружински, кој вчера убедливо уште во првиот круг од Локалните избори, издвојува победа.
Досега во Берово, во сите претходни избори, толку позитива како овие за кандидатот Петар немало. Правилото, гласај за личност, се оствари со поддршка од сите Малешевци, без разлика на партија, раса и етничка припадност.
Убедливи во победата, тимот на новиот градоначалник Ружински, се и во Совет на Општина Берово, со вкупно 9 советници. Партијата СДСМ доби 5 советнички места, додека новитет и за прв пат, со 1 советник партијата Левица ќе партиципира во беровскиот совет, што е за поздравување.
Сепак изборите во нашата општина завршија без ниеден инцидент, се славеше синоќа на плоштадот во Берово и се беше како што треба. Големи се очекувањата на Малешевци од новиот градоначалник Петар Ружински, па се надеваме дека ќе ја оправда големата доверба која вчера му беше дадена. Уште еднаш честитки до Ружински.
Петар Ружински вчера убедливо уште во првиот круг од Локалните избори, издвојува победа
1 Min Read
Previous ArticleТрофејниот тренер седнува на клупата на грчки Панатинаикос
Поврзани вести
Најнови информации
Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.
© 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
