Разговорот се одвивал во пријателска атмосфера и главна тема била координацијата на поддршката за претстојниот втор круг на изборите, во области каде што албанските и македонските гласови може да бидат одлучувачки, пишуваат медиумите на албански јазик во Македонија.
Во својот коментар порталот Прес ТВ7 наведува дека „партијата Левица, позната по своите просрпски ставови и противењето на независноста на Косово, често е критикувана за својата националистичка реторика, додека можната соработка со албанските партии предизвика загриженост за идеолошката стабилност на оваа коалиција“.
