Самитот на Берлинскиот процес ги собра лидерите од Западен Балкан и Европската Унија во Лондон. Непосредно пред почетокот на самитот, регионалните лидери, вклучувајќи го и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, се сретнаа со Кралот Чарлс Трети.
Делегации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија учествуваат на денешниот самит. Берлинскиот процес, започнат во 2014 година, има за цел да ги одржи земјите од Југоисточна Европа на вистинскиот пат кон членство во Европската Унија.
Премиерот Мицкоски напиша дека се сретнал со Кралот Чарлс трети, како и дека разговарале за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата. Тој најави дека во рамките на Берлинскиот процес што го организира премиерот Кир Стармер, им повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото кралство
Од целосната инвазија на Русија во Украина во 2022 година, ЕУ покажа поголема отвореност за прифаќање нови членови. Сепак, останува загриженоста дека војната во Украина и растечките тензии меѓу Русија и Западот би можеле да се прелеат во регион кој сè уште е погоден од сопствените конфликти.
