Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Адили: Се надевам дека денеска среќата ќе биде на наша страна!

    Норис, Верстапен или Пјастри: Епска трка во Абу Даби за титулата во Ф1!

    Муцунски: Кај ЕУ има желба да се помогне во развивање дијалог насочен кон решение со Бугарија

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Македонија нема речиси никаков напредок во животната средина: Воздухот, водата, отпадот, климата надвор од интересот на власта
    Македонија

    Македонија нема речиси никаков напредок во животната средина: Воздухот, водата, отпадот, климата надвор од интересот на власта

    09/11/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Државата каска во имплементирањето на регионални центри за третман на отпадот и покрај тоа што добива пари од ЕУ, а општинските комунални претпријатија не работат ефикасно. Властите не направија напор да ги донесат законот за вода и за клима, да ги заштитат Охрид, Матка и Маврово, ниту пак да ја подобрат состојбата со неефикасната и неквалификувана јавна администрација, стои во најновиот Извештај за напредокот на Македонија на европскиот пат, што го објави Европската Комисија.

    Животната средина и минатата година била на маргините на интересот на властите, а извештајот за Поглавјето 27, нотира дека нема напредок во речиси сите области, законодавството, третманот на отпадот, водите, воздухот, климатските промени и природата.

    Властите не направија напор да го донесат законот за вода, кој се одложува со години, иако тој е неопходен за да се усогласиме со европските Директиви за рамковни води и подземни води. Извештајот вели се уште испуштаме непречистена отпадна вода и си ги загадуваме реките. Се влечкаат и процесите на прогласување на заштитени подрачја од големо значење, како што се Охридското Езеро, Студенчишко Блато, Кањонот Матка и повторното прогласување на Националниот парк Маврово, а мижиме и пред нивната узурпација и бетонизација.

    Извештајот вели дека земјава нема напредок во областа на климатските промени и дека треба итно да го усвои долгоочекуваниот закон за клима  за да се воведе данокот на јаглеродот. Македонија не започнала истраги за еколошки кривични дела, на пример за нелегалното отстранување на опасен отпад, и покрај тоа што новиот Кривичен законик е во сила повеќе од една година. Темата за јавната администрација и нејзиниот капацитет и годинава е дел од извештајот на Европската Комисија. Тој вели дека постои недоволен капацитет и недостаток на квалификуван персонал што работи на прашања поврзани со животната средина во јавната администрација.

    Според извештајот и мониторингот на животната средина не ги исполнува стандардите на ЕУ, а Архускиот центар не е целосно оперативен и обезбедува застарени податоци и информации.

    „Земјата се соочува со дополнителни одложувања во воспоставувањето регионален систем за управување со отпад низ целата земја. Не е постигнат опиплив напредок во североисточниот и источниот регион, и покрај значајната финансиска помош што е обезбедена. Процесот сè уште е засегнат од недостатокот на посветеност од локалните власти, како и од слабите меѓуинституционални односи и донесување одлуки“, се вели во извештајот.

    Во врска со заштитата на природата, законите што се усогласуваат со Директивите за живеалишта и птици и законодавството CITES сè уште не се усвоени. Не е постигнат напредок во усогласувањето на Директивата за зоолошки градини, а зоолошките градини немаат капацитет за зачувување на биолошката разновидност. Сè уште не е основана ниту посебна институција за заштита на природата, а не е функционален ниту Националниот информативен систем за биодиверзитет.

    „Во однос на индустриското загадување и управувањето со ризици, несреќата од март 2025 година во рудникот за олово и цинк Тораница, што резултираше со загадување на Крива река со опасни супстанции, откри сериозни празнини во спроведувањето и недостаток на подготвеност и протоколи од страна на властите за справување со вакви инциденти“, стои во извештајот.

    Previous ArticleМаневски: Противникот не е важен, Вардар секогаш на победа!
    Next Article Запленета храна со две години поминат рок, фирмата доби забрана за работа

    Поврзани вести

    Британската амбасада потврди дека соработува со македонската влада за справување со нелегалната миграција

    06/12/2025

    Ако патувате во Грција преку Евзони, бидете на преминот рано наутро за да ги избегнете блокадите на земјоделците

    06/12/2025

    Посета на Собранието на Македонија од страна на ученици од ООУ „ Ванчо Китанов “ -Пехчево

    05/12/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Адили: Се надевам дека денеска среќата ќе биде на наша страна!

    Норис, Верстапен или Пјастри: Епска трка во Абу Даби за титулата во Ф1!

    Муцунски: Кај ЕУ има желба да се помогне во развивање дијалог насочен кон решение со Бугарија

    Премиерот за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.