Многу познати личности блеснаа на годишната гала-вечер на списанието „Холивуд рипортер“. Покрај зачудувачката Дакота Џонсон, и актерката Гвинет Палтроу не ја пропушти можноста да биде видена.
Интересно е што и Дакота и Гвинет донесоа минималистички комбинации за оваа празнична пригода и, следејќи ги нивните примери, можеме да заклучиме дека редуцираните креации повторно се пожелни.
Гвинет блесна на црвениот тепих во фустан со рамен крој. Лежерниот фустан во боја на слонова коска ја истакна нејзината вита фигура и го нагласи опуштениот стил што го негува со години.
Сепак, не беше сè толку едноставно при изборот на модни парчиња. Дел од облеката, сепак, беше ѕвезда на изданието на актерката.
View this post on Instagram
Тоа беа црвените потпетици со стил, што го разбиваа монохроматското издание. Овој детаљ беше доволен за актерката да го привлече вниманието на модните критичари.
Таа го комплетира својот стил со минимална шминка во голи тонови и едноставна фризура. Треба да се спомене дека нејзиниот сопруг Бред Фалчук, кој ретко се појавува во јавноста, беше нејзин придружник на црвениот тепих.
Се чини дека актерката сака да го чува за себе и да му го покажува на светот во посебни пригоди.
Што се однесува до неговиот избор на облека, тој верно ја слеел својата сакана и избрал лесен костум, што го комбинирал со сина вратоврска.
Судејќи според фотографиите, може да се каже дека тие биле најубавиот пар на настанот.
