Денес, 09.12.2025 година, на паркингот кај поранешната Автобуска станица во Берово, полициските службеници од ПО за БПС и ПС од ОН Берово, во содејство со Здравствен дом Берово, ТППЕ Берово, ДПД Пехчево и Црвен крст Берово, спроведоа показна вежба за постапување при сообраќајна незгода.

Според сценариото, беше прикажана сообраќајна незгода со учество на две моторни возила, при што во едното возило имаше едно повредено и контактибилно лице. По добиената пријава, на местото на настанот најпрво пристигнаа полициските службеници од ПО за БПС, кои по извршениот првичен увид утврдија дека се работи за незгода со повредено лице.

Веднаш беше известена дежурната служба при ОВР Берово, со барање да ги информираат надлежните служби: Здравствен дом Берово, Територијалната противпожарна единица, Доброволното противпожарно друштво Пехчево и Црвен крст Берово.

Полициските службеници од ОВР Берово останаа на местото сè до пристигнување на другите служби, со цел:
- целосно обезбедување на просторот,
- насочување на сообраќајот,
- спречување пристап на неовластени лица.
Активностите продолжија до целосното завршување на показната вежба.



