МЗТ Скопје беше целосно надигран на гостувањето кај Златибор со 102-74 за втор пораз во АБА2-лига. Противникот постигна 19 тројки против актуелниот македонски првак, кој одигра по секое ниво во второто полувреме.
После мечот мини-анализа даде Васко Атанасов, тренерот на МЗТ Скопје.
„Кога некој има 19 тројки против тебе, тешко е секогаш да се победи. Одигравме солидно прво полувреме, но второто полувреме беше катастрофално, особено во одбраната и некои од одлуките во нападот. Им честитам на Златибор за победата, одиграа одличен натпревар и се надевам дека ќе ве видам и во останатите. Одиме натпревар по натпревар, досега имавме добри резултати воопшто“, заклучи стратегот на МЗТ Скопје, кој после овој меч од петтото коло се наоѓа на 5-та позиција на табелата со скор од три победи и два порази.
