Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Делчево со рекорден буџет за поддршка на талентирани ученици и студенти во 2026
    Македонија

    Делчево со рекорден буџет за поддршка на талентирани ученици и студенти во 2026

    12/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    ДЕЛЧЕВО – Буџетот на Програмата за образование на Општина Делчево за 2026 година е зголемен за 250.000 денари и е целосно насочен кон поддршка на талентирани ученици и студенти, со што локалната самоуправа прави значаен чекор кон унапредување на образованието и мотивацијата кај младите.

    Со новата програма, општинските стипендии и награди се зголемени, при што износот на наградите порасна од 500 на 1.000 денари, а за првпат се воведува и еднократна парична награда за првенците на генерација – 20.000 денари за основно и 30.000 денари за средно образование.

    Во делот на стипендиите за талентирани ученици од семејства со ниски приходи, планирани се 10 стипендии со месечен износ зголемен од 1.500 на 2.000 денари. За учениците со особено висок успех се предвидени 8 стипендии, при што износот е зголемен од 2.000 на 2.500 денари месечно.

    Зголемување има и кај студентските стипендии. За студентите од семејства со ниски приходи стипендијата се зголемува од 2.000 на 2.500 денари, додека за талентираните студенти од 3.500 на 4.000 денари. Стипендијата за ученик со попреченост исто така е зголемена од 1.500 на 2.000 денари.

    Во рамки на мерките за поддршка и наградување, Општина Делчево предвидува и ваучери во износ од 20.000 денари за 15 најдобри матуранти од СОУ „М.М. Брицо“, како признание за постигнатите резултати во средното образование.

    Зголемена е и еднократната финансиска поддршка за запишани првачиња во основните училишта, од 3.000 на 4.000 денари. Дополнително, наградите за најдобрите ученици Роми се зголемени – за основците од 5.000 на 6.000 денари, а за најдобриот ученик Ром во средно образование на 11.000 денари.

    Градоначалникот Иван Гоцевски истакнува дека со Програмата за образование за 2026 година општината вложува таму каде што има најголема вредност – во младите и нивната иднина.

    „Со овие мерки испраќаме јасна порака – трудот се препознава, знаењето се поддржува, а успехот се вреднува. Ќе продолжиме да создаваме услови во кои секое дете ќе има можност да напредува и да ја гради својата иднина тука, во Делчево“, нагласи Гоцевски.

    Јавниот конкурс за доделување на општинските стипендии ќе биде распишан во текот на овој месец.

    Previous ArticleСело Ѕвегор подготвено за „Ѕвегорска Сурова 2026“ – вековна традиција што го чува духот на народот
    Next Article Во Пехчево по втор пат се одржува тренинг камп во пинг-понг

    Поврзани вести

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    18/02/2026

    Затворен патот од Гостивар кон Чегране, Вардар се излеа во Форино

    18/02/2026

    Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.