Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Гвардиола: Да светеше сонцето во ноември, ќе бевме шампиони во јануари

    Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

    Ерик Свалвел се откажа од трката за гувернер на Калифорнија поради обвинувања за сексуално вознемирување

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Денеска лидерска средба за реформските закони и за укинување на техничката влада
    Политика

    Денеска лидерска средба за реформските закони и за укинување на техничката влада

    14/01/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Венко Филипче, претседателот на СДСМ, уште веднаш го одби повикот на Мицкоски за консензус за клучните прашања за државата.

    Од коалициските партнери во Владата на средбата се очекуваат претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, а од коалицијата „Вреди“, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

    Како што информира на денешната прес-конференција координаторот на пратеничката група на „Вреди“, Беким Ќоку, коалицијата на лидерската ќе биде претставена од Биљал Касами. „Ние ја прифативме поканата и одлучивме да одиме налидерската средба. Таму ќе присуствуваме јас како координатор и Биљал Касами како еден од лидерите на Вреди. Во поканата нема конкретни прашања“, рече тој.

    Во однос на Пржинската влада, Ќоку нагласи дека не ѝ прилега на една земја што преговара за влез во ЕУ да има техничка влада, како и дека земјата на локалните избори докажала дека и без пржинска влада може да организираат фер и демократски избори.

    Левицата најави дека прифаќа да се укине техничката влада, но само ако се воведе една изборна единица, а пратеникот Амар Мециновиќ на прес-конференција во Собранието информира дека Левицата ќе присуствува на најавената лидерската средба.

    „Како парламентарна партија, која една и пол година се обидува да воспостави комуникација со парламентарното мнозинство преку предлагање закони, преку консензус за некои државни прашања, сметаме дека сега е времето да влеземе во конструктивен дијалог“, изјави Мециновиќ.

    Лидерската средба ја поздравија и ЛДП и ДОМ. ЛДП преку соопштение изрази подготвеност да присуствуваат на најавената лидерска средба, но не само за укинување или задржување на техничката влада како изолирана и празна тема, туку заради одговори на клучните прашања, кои директно го засегаат животот на граѓаните.

    Од ДОМ ја поздравија можноста за дијалог за суштински политички консултации за важни реформски закони и процеси, кои треба да ги зајакнат нашата држава и демократијата и повикаа на агендата да се стави и да се разговара и за една изборна единица и отворени листи без изборен праг.

    Премиерот Христијан Мицкоски во празничното интервју на 7 јануари најави дека ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, која би се одржала пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос, а теми на средбата би биле консензус за реформските закони и укинување на техничката влада. За клучните прашања за државата, Мицкоски рече дека очекува консензус од лидерствата на сите парламентарни коалиции, како и дека дневниот ред може да биде проширен и дополнет од страна на другите.

    „Да разговараме за изборот на народен правобранител. Да покажеме зрелост дека како политичари и како држава разговараме отворено на сите тие теми во врска со нашата цел – ЕУ и за законите што треба да се донесат. Ајде да седнеме и да разговараме. Јас не би сакал да влегувам во укинување на техничката влада без консензус затоа што тоа е политички некултурно, а ваков тип на измени во политичкиот систем треба да се носат со консензус. Ако велиме дека техничката влада е некаков имплант, ако велиме дека техничката влада можеби има проблеми и со уставноста, го кочи системот, не му дава доволно простор за маневар, ајде да ги направиме и тие измени“, повика премиерот Мицкоски.

    Откога Филипче го одби, премиерот Мицкоски рече дека мислел оти ќе се покаже зрелост и широчина.

    „Тема на лидерската средба е само Законот за Владата. Ако ние се однесуваме неодговорно, како што се однесува тој, нам не ни е потребна лидерска средба, ние со 61 глас може да ја избришеме техничката влада, не ни е потребно мислењето на опозицијата. Но, сакавме процесот да биде инклузивен. Сакавме да поразговараме и за Изборниот законик, Законот за Јавното обвинителство, Законот за јавнообвинителската и судската служба, Законот за Советот на јавните обвинители“,  рече Мицкоски.

    Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција на 8 јануари го одби повикот за лидерска средба за укинување на техничката влада обвинувајќи дека Мицкоски „бара алиби за распишување предвремени извбори“.

    Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ја поздрави иницијативата на претседателот на Владата за лидерска средба оценувајќи ја како можност сите релевантни политички фактори да покажат одговорност кон државата и граѓаните, а одбивањето дијалог на СДСМ е признание за слабост.

    Previous Article(Фото) САД, Кариби, Доха…поранешната претседателка на Хрватска објави дека ужива да патува
    Next Article Совети и трикови како да си го олесните првиот триместар од бременоста

    Поврзани вести

    Пратенички од македонското Собрание ги набљудуваат изборите во Унгарија

    12/04/2026

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    12/04/2026

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    12/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Гвардиола: Да светеше сонцето во ноември, ќе бевме шампиони во јануари

    Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

    Ерик Свалвел се откажа од трката за гувернер на Калифорнија поради обвинувања за сексуално вознемирување

    Доналд Трамп упати остри критики кон папата Лав нарекувајќи го „слаб“ и „ужасен“

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.