Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Спорт»Градоначалникот на општина Пехчево Александар Китански ги посети младите репрезентативци на пингпонгарскиот камп во Пехчево
    Спорт

    Градоначалникот на општина Пехчево Александар Китански ги посети младите репрезентативци на пингпонгарскиот камп во Пехчево

    14/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Извор: општина Пехчево

    Пехчево, 14 јануари – Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денеска ги посети младите пингпонгари од Македонската пингпонгарска репрезентација кои учествуваат на репрезентативниот камп што од 12 до 16 јануари се одржува во спортската сала „Јане Сандански“ во Пехчево.

    На кампот учествуваат репрезентативци на возраст од 15 до 19 години, како и неколку помлади, перспективни пингпонгари. По посетата на тренингот, репрезентативците заедно со селекторот на националната репрезентација Милош Миленковиќ и тренерите Зоран Јовановски и Кристијан Станојковски беа на официјален прием кај градоначалникот Китански.

    Извор: општина Пехчево

    Градоначалникот изрази благодарност до Пингпонгарската федерација на Македонија за тоа што по втор пат организира камп за млади репрезентативци во Пехчево, нагласувајќи дека за општината претставува чест и задоволство што е домаќин на најталентираните пингпонгари од земјава. Тој истакна дека Општина Пехчево и во иднина ќе биде подготвена да обезбедува максимални услови за одржување на спортски кампови и подготовки.

    Селекторот на Македонската пингпонгарска репрезентација, Милош Миленковиќ, се заблагодари за поддршката и условите обезбедени од општината, при што беа разгледани и можностите за организирање подолготрајни пингпонгарски кампови во Пехчево.

    Извор: општина Пехчево

    Средбата помина во позитивна и пријателска атмосфера, а младите репрезентативци добија скромни подароци од градоначалникот како спомен од Пехчево, ветувајќи дека со посветена и напорна работа достојно ќе ги бранат боите на Македонија.

    Previous ArticleМакедонскиот народен театар со разнолик репертоар- од сценски спектакл, преку драми, до стендап
    Next Article Општина Делчево со засилени активности за чиста и безбедна животна средина

    Поврзани вести

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    30/05/2026

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    30/05/2026

    Мицкоски го чека предлогот на Мерц, како Македонија постепено би влегла во ЕУ

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.