Со вера, храброст и традиција, денеска, во водите на реката Брегалница, во Берово, го чествувавме големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Меѓу бројните учесници, Благој Дујовски, прв го фати светиот крст, симбол на благослов, надеж и духовна сила.
Нека оваа чест, му донесе здравје, радост и успех, а благословот од денешниот ден, да го следи во текот на целата година.
Општина Берово го награди најсреќниот учесник, со вредносен ваучер од 15.000,00 денари, а поддршката и признанието беа збогатени и со награда обезбедена од компанијата ЗЕГИН.
Почит и благодарност до сите учесници и верници, кои со својата одважност, ја продолжија вековната традиција.



