Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Делчево подготвено за зимските услови, екипите на ЈКП „Брегалница“ на терен
    Македонија

    Делчево подготвено за зимските услови, екипите на ЈКП „Брегалница“ на терен

    22/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Извор: Delcevo 365.mk

    ДЕЛЧЕВО – Првите снежни врнежи за оваа зима кои денеска ги зафатија улиците во Делчево ги мобилизираа екипите на ЈКП „Брегалница“. Од претпријатието информираат дека се целосно подготвени да реагираат согласно своите надлежности, утврдени со Планот за долгорочно зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево за 2026 година.

    Активностите на ЈКП „Брегалница“ се однесуваат на одржување и чистење на тротоарите и јавните површини, а механизацијата со која располага претпријатието е во исправна состојба и подготвена за интервенција доколку снежните врнежи продолжат со поголем интензитет.

    Зимското одржување на општинските улици и патишта во Делчево го врши фирмата „СД-Транс – Ѕвегор“, избрана по спроведена јавна набавка. За таа намена, Општина Делчево има обезбедено средства во износ од 354.000 денари, со вклучен данок на додадена вредност.

    Извор: Delcevo 365.mk

    Согласно Планот и утврдената приоритетна листа, со зимското одржување се опфатени 88,5 километри патишта со асфалтен коловоз, 42 километри патишта со макадам и 39,83 километри општински улици со асфалтен коловоз. Надзорот над извршените активности го врши Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево.

    Чистењето на снегот од коловозите започнува пред снежната покривка да достигне 10 сантиметри на сообраќајниците од прв и втор приоритет, односно 15 сантиметри кај останатите улици и патишта. Посебно внимание се посветува на критичните делници како остри кривини, стрмни косини, мостови, поголеми надолжни нагиби, засенчени делови, како и на патни премини и вкрстувања.

    Зимското одржување на регионалните и магистралните патишта на територијата на Општина Делчево е во надлежност на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта.

    Извор: Delcevo 365.mk
    Previous ArticleВидео:Богојавление-водици 2026 Пехчево
    Next Article Љутков на отворањето на Меѓународниот саем за туризам во Мадрид „ФИТУР 2026“

    Поврзани вести

    (4) Дрогата меѓу учениците, училиштата во Полог без психолози и социолози: Институциите се обвинуваат меѓусебно

    29/05/2026

    Мицкоски за иницијативата на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата

    29/05/2026

    Четворица албански државјани приведени за незаконит риболов во Преспанското Езеро

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.