Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ЈА ПУШТИ ВО ФУНКЦИЈА ДИГИТАЛНАТА ПЛАТФОРМА OPSTINSKISOVET.MK
    Македонија

    СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО ЈА ПУШТИ ВО ФУНКЦИЈА ДИГИТАЛНАТА ПЛАТФОРМА OPSTINSKISOVET.MK

    30/01/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Советот на Општина Делчево од денеска официјално ја пушта во целосна функција новата дигитална платформа opstinskisovet.mk, со што четвртата редовна седница на Советот ќе биде првата електронска седница во историјата на општината.

    Како што информира претседателот на Советот на Општина Делчево, Николчо Стојменовски, платформата е ставена во употреба по успешно спроведената обука на советниците и административниот тим и овозможува целосно дигитално водење на постапката, електронско доставување и објавување на материјалите, електронски дневен ред и електронско гласање.

    – Со оваа платформа обезбедуваме целосна транспарентност, бидејќи сите документи, предлог-одлуки, извештаи и записници ќе бидат јавно достапни во реално време, како на платформата, така и на официјалната веб-страница на општината, www.delcevo.gov.mk, изјави Стојменовски.

    Извор: Општина Делчево

    Тој нагласи дека дигитализацијата значително ќе придонесе за поголема ефикасност во работата на Советот, намалување на трошоците за печатење и дистрибуција, како и побрзо и пофлексибилно функционирање, особено во услови кога е можно одржување електронски седници.

    Дополнително, преку платформата се овозможува и лесен пристап за граѓаните, кои ќе можат да се најават како гости, да ги прегледуваат материјалите, да ги следат седниците и навремено да се информираат за донесените одлуки.

    – Ова е важен чекор кон модерна и дигитална локална самоуправа, во согласност со националните политики и заложбите за отворена и одговорна институција, истакна претседателот на Советот.

    Од Општина Делчево информираат дека седниците и понатаму ќе се пренесуваат во живо преку официјалните канали на општината, а граѓаните се повикани уште од утре да ја посетат платформата opstinskisovet.mk и да се регистрираат како гости.

    Previous ArticleНиколоски: Во вторник во Брисел ќе се понудат најдобрите решенија за транспортерите
    Next Article ПРЕВЕНТИВНА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИ ВО БЕРОВО: ПОЛИЦИЈАТА АПЕЛИРА НА ВНИМАНИЕ ОД ИЗМАМИ И КРАЖБИ

    Поврзани вести

    (4) Дрогата меѓу учениците, училиштата во Полог без психолози и социолози: Институциите се обвинуваат меѓусебно

    29/05/2026

    Мицкоски за иницијативата на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата

    29/05/2026

    Четворица албански државјани приведени за незаконит риболов во Преспанското Езеро

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.