Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата за зголемување на платите
    Политика

    Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата за зголемување на платите

    06/02/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „По изјаснувањето на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ во текот на наредната недела ќе оствари работна средба со претставниците на Владата, на која ќе бидат договорени опфатот и теркот на колективниот договор3, се наведува во соопштението од УПОЗ.

    Вчера, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека Владата го прифатила барањето на УПОЗ, но не во целост, и дека е важно што се прифатило да се исплаќаат додатоците на плати за работниците во државната управа и правосудството.

    „Како што најавуваме минатата година, ќе бидат на неколку години, на 3 рати, по 8 проценти, за жал, не по 10. Пак ќе повторам, за жал, не ги добивме минатата година, меѓутоа, еве, Владата прифати да ги исплаќа од сега со почетокот од март преку начин што сите институции од државната управа и правосуството, значи судовите, обвинителствата… ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право“, рече Деаноски.

    Појасни дека за ова да се реализира, треба се спреми текстот на овие колективни договори заедно со претставниците на Владата и Синдикатот. Потоа договорите треба да бидат ставени на гласање пред органите и телата на Синдикатот.

    Тој нагласи дека ако членовите ги прифатат договорите, ќе може веднаш да се продолжи со нивно потпишување.

    УПОЗ вчера преку соопштение информира дека зголемувањето на платите за сите вработени во управата и правосудството е поголемо од веќе обезбеденото зголемување со Општиот колективен договор за јавниот сектор како поповолно право за работниците.

    „Дополнително, во пресметката на платите на вработените како компонента на платата останува минималната плата, борбата за зголемување на минималната плата за сите работници продолжува сè до нејзино зголемување, а со тоа и зголемување на платите на сите работници што во својата пресметка на плата ја имаат минималната плата. Платата во единиците на локалните самоуправи може да се зголемува преку склучување поединечни колективни договори“, пишуваше во вчерашното соопштение од УПОЗ.

    Средбата следуваше откога премиерот даде понуда за раст на платите за која УПОЗ потврди дека е прифатлива и дека дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.

    Мицкоски средбата со УПОЗ ја оцени како конструктивна потенцирајќи дека пред претставниците на Синдикатот ги презентирале условите и правилата за зголемување на платата на административците за 40 проценти додавајќи дека сега очекува одговор од нивна страна дали го прифаќаат предлогот од страна на Владата.

    „Ние имаме два репрезентативни синдиката, кои се дел од Економско-социјалниот совет, и тие ги застапуваат правата на работниците. Денеска имавме состанок со УПОЗ или народски кажано – тоа е синдикатот на административците, кои се гранка од ССМ, едниот од репрезентаитвните синдикати, а пред една недела или 10-ина дена имавме состанок и со втората репрезентативна синдикална група од КСС, која исто така ги претставува правата на работниците, односно административците. Таму имаме два репрезентитивни синдиката“, рече Мицкоски во вчерашното гостување на МРТ.

    За состанок со УПОЗ, премиерот рече дека дале понуда за која претходно зборувал во јавноста.

    „Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред. Тие исто како и претставниците од гранката на КСС рекоа да се консултираат со раководството во рамките на својата синдикална гранска единица и потоа во текот на утрешниот ден ќе нè информираат. И доколку е сè во ред, тогаш в недела би требало конечно да се согласиме и од понеделник да почне изготвувањето на т.н. темплејт, односно примерок, како би изгледал тој индивидуален синдикален договор и понатаму, нормално, тој во разни работни единици ќе се усвојува и врз основа на тоа ќе почне исплатата на платите од април за мартовската плата оваа година, која би опфатил 8-процентно зголемување на збирот од сегашната плата зголемена за растот на минималната плата што треба да се нивелира. Истото ова би се реплицирало и во 2027 година и во 2028 година, што значи дека приближно за две години и два-три месеци од сега административните службеници, оние што не добиле зголемување, како што добија некои од нив во минатото, ќе имаат минимално 40 проценти поголема плата во споредба со денешното ниво“, појасни вчера Мицкоски.

    Previous ArticleПрилепскиот дувачки оркестар повторно активен по 10 години
    Next Article „Шумите не се само наши“: Се отвори уметничка изложба посветена на балканскиот рис

    Поврзани вести

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Сиљановска Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО важни во време на безбедносни предизвици

    17/02/2026

    Нов протест на ССМ, овојпат пред Владата, се најавува и генерален штрајк

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.