Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Муцунски: Посетата на Дубаи отвора нови можности за продлабочување на соработката со ОАЕ
    Политика

    Муцунски: Посетата на Дубаи отвора нови можности за продлабочување на соработката со ОАЕ

    06/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Продолжуваме со силно темпо и јасен фокус на резултати чиј бенефит ќе го почувствуваат граѓаните“, порача министерот Муцунски.

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова престојуваа во работа посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) каде учествуваа на Светскиот самит за влади во Дубаи.

    Во фокусот на посетата и средбите со официјални лица на ОАЕ, биле економијата, дигитализацијата и конкретните резултати се во фокусот на посетата, со цел, придобивките од овие активности директно да ги почувствуваат граѓаните.

    Муцунски во Дубаи остварил билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

    „Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.

    На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати.
    Муцунски бил и дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова која остварила средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Шеик Мохамед бин Зајед бин Султан Ал Нахјан.
    „Како дел од делегацијата предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на маргините на Светскиот владин самит во Дубаи остваривме средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Sheikh Mohamed bin Zayed bin Sultan Al Nahyan. На средбата ја потврдивме одличната динамика на билатералните односи и разменивме мислења за можностите за нивно понатамошно унапредување, со посебен акцент на продлабочувањето на политичкиот дијалог, економската соработка и инвестициите“, информираше Муцунски преку објава на социјалните мрежи.

    Во рамки на работната посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, бил говорник на панел-дискусијата насловена „Следниот логистички поредок: Што мора да се промени“.

    „Во денешниот глобален политички пејзаж, единственото што е предвидливо е непредвидливоста. Тоа е реалност со која мора да се соочиме и да научиме да живееме“, истакнал Муцунски, нагласувајќи дека наместо да се реагира само кога ќе се појават предизвици, неопходно е да се гради долгорочна способност за адаптација.

    Муцунски, заедно со Сиљановска-Давкова, остварил и средба со Македонци кои живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати.

    На средбата било разговарано и за потенцијалот за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати, со фокус на економијата и трговијата, како и за улогата и придонесот на дијаспората во овој процес. Министерот ги запознал присутните и со активностите на Владата и Министерството поврзани со дијаспората, вклучително и со Стратегијата за унапредување на соработката со дијаспората, која е во завршна фаза, како и со можностите за нивно поактивно вклучување во развојните и економските иницијативи во државата.
    Previous ArticleЗаборавените предмети добиваат нов живот: Еко-свест организира Еко трампа „На ти го, дај ми го“
    Next Article ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

    Поврзани вести

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Сиљановска Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО важни во време на безбедносни предизвици

    17/02/2026

    Нов протест на ССМ, овојпат пред Владата, се најавува и генерален штрајк

    17/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Објавена причината за смртта на 34-годишната ќерка на Томи Ли Џонс

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    Се огласи Винисиус: Расистите се кукавици!

    Родители во САД бараат помалку технологија во училиште

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.