Јана Атанасовска денеска го имаше својот прв настап на Зимските Олимписки Игри. Таа е четвртата македонска олимпијка кој ја претставува Македонија.
Во силна конкуренција со познати и искусни имиња, Јана која има само 19 години, првата трка во велеслалом за жал не ја заврши, останува без пласман.
Јана настапи во конкуренција на 76 натпреварувачки. После Светскиот Куп каде испиша историја како прв натпреварувач од Македонија во женска и машка конкуренција, сега го запиша и првиот настап на ЗОИ.
