Ексминистерот за европски прашања, Орхан Муртезани ќе биде нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел. Според медиумските сознанија нова амбасадорка во Лондон ќе биде Илина Мангова, која зад себе има богата кариера во невладиниот сектор како дел од раководството на Меѓунароодниот републикански институт ИРИ.
Линда Салиеска Иљазоска е кандидатка за амбасадорка во Хаг. Крум Ефремов ќе биде новиот македонски амбасадор во Бугарија. Габриел Атанасов ќе го менува Андреј Жерновски во Романија.
Веле Трпевски ќе биде амбасадор во Тирана (Албанија), во Токио (Јапонија) заминува Андријана Цветковиќ, Димитар Блажевски во Киев (Украина), Фадиљ Зендели во Копенхаген (Данска).
Согласно законот, сите 9 кандидати пред да станат амбасадори ќе треба своите планови да му ги претстават на Собранието во Комисијата за надворешна политика по што претседателката Сиљановска-Давкова ќе треба и официјално да ги испрати во дипломатска мисија.
Покрај деветмината амбасадори, Владата денеска одлучила да именува и две имиња за конзулатите во Мелбурн и Солун.
