Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Важно е кој нѐ претставува надвор, акцентот го ставаме на кариерни дипломати, порачува претседателката на Македонија
    Политика

    Важно е кој нѐ претставува надвор, акцентот го ставаме на кариерни дипломати, порачува претседателката на Македонија

    19/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Законот за надворешни работи ја утврдува постапката, таа започнува од министерот за надворешни работи, преку Владата па потоа ќе дојде кај мене. Сметам дека е најдобро во пополнувањето на испразнетите амбасадорски места да започнеме и акцентот да го ставиме на дипломати од кариера, и во моментов 67 проценти од предложените се луѓе од кариера“, рече Сиљановска Давкова во изјава за медиуми по одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје.

    Сиљановска Давкова потсети дека според закон потребно е 50 проценти да бидат дипломати од кариера, и изрази надеж дека во иднина ќе се стигне и до 70 проценти на кариерни дипломати.

    „Тоа не значи дека и во другите држави за амбасадори не се номинираат и луѓе надвор од фелата на амбасадорите. Има држави во кои и новинари понекогаш се номинираат за амбасадори. Се работи за извонредни познавачи на проблематиката и тоа може да бидат професори, тоа можат да бидат луѓе од бизнисот, важно луѓе кои ја знаат проблематиката, го познаваат јазикот на државата, говорат јазици и со дигнитет и интегритет може да ја претставуваат државата“, рече таа.

    Претседателката истакна дека нам како држава ни е многу важно кој нè претставува надвор и ја охрабри Владата со ваквите предлози.

    „Затоа во овие последни предлози има и луѓе од невладиниот сектор кои се извонредни познавачи на проблемите кои треба да ги претставуваат надвор“, додаде Сиљановска Давкова.

    Претходно денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, рече дека над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати од редот на вработените во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ). Тој потврди дека на последната владина седница предложил повеќе имиња, коишто ќе ги потврди по добивањето на агреманите.

    Тој додаде дека поради фактот што оваа информација е од класифициран карактер не би можел да ги потврди имињата, но по добивање на агреманите и отпочнување на внатрешните процедури во државата, имињата ќе се потврдат и истите да ги одбранат своите тези пред Комисијата за надворешна политика во Собранието.

    Владата на седницата во вторникот, како што објавија дел од медиумите, одобрила список од деветмина нови амбасадори и двајца генерални конзули, во Стокхолм, Букурешт, Приштина, Лондон, Хаг, Стразбур, Софија, НАТО и Софија, како и генерални конзули во Солун и во Мелбурн.

    За амбасадор во Шведска е предложен Мухарем Јусуфи, кадар од МНРиНТ, додека Орхан Муртезани од функцијата министер за европски прашања заминува за амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел.

    Поранешниот амбасадор во Украина, Крум Ефремов е предложен за амбасадор во Софија, во Романија е предложен Габриел Атанасов од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а за амбасадор во Приштина е предложена Катерина Тодоровска.

    Линда Салиеска Иљазоска од МНРиНТ е предложена за позицијата амбасадорка во Хаг, додека Илина Мангова која доаѓа од невладиниот сектор е предложена за амбасадорка во Лондон. Светлана Гелева е предложена за втор мандат во Советот на Европа во Стразбур. На листата исто така се споменуваат и две имиња за генерални конзули – Томислав Димитровски во Солун и Александар Крстевски во Мелбурн, и двајцата кадар од МНРиНТ.

     

    Previous ArticleДен на мајчиниот јазик: Јазикот не е само граматика и речник, тој е архива на културната меморија
    Next Article Депонијата Русино доби нова механизација вредна 1,1 милиони евра

    Поврзани вести

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    29/05/2026

    Мицкоски: Со намалувањето на царинските стапки нашите извозници и инвеститори се уште поконкурентни

    29/05/2026

    Димитриевски: СДСМ го водат необољшевици кои се обидуваат своите проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Предлог-законот за пушење во вторник на владина седница, Мицкоски најави ригорозни инспекции

    Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на Пластичарска, приведен возач на „ауди“

    Болниците во Штип, Тетово и Кичево повторно меѓу приоритетите на Министерството

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    НАЈЧИТАНИ

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    30/05/2026

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.