Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Ден на мајчиниот јазик: Јазикот не е само граматика и речник, тој е архива на културната меморија
    Политика

    Ден на мајчиниот јазик: Јазикот не е само граматика и речник, тој е архива на културната меморија

    19/02/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Како што рече, мајчиниот е јазикот на којшто мајката прва го поздравила и му се израдувала на нашето раѓање, со зборот нè лекувала и бодрела, нè воспитувала. Кажа дека не им е лесно на околу 7.000 јазици на мали народи во светот затоа што се под притисок поради јазичната нерамноправност.

    „Се соочуваме со јазични конфликти, имало и има јазична доминација, дури и јазичен империјализам. И затоа, кога исчезнува некој јазик, мора да знаеме дека згаснува нечиј живот, и тоа живот на цела нација, живот на многу луѓе, живот на многу мајки. И затоа треба битката за малите јазици да биде сериозна битка и затоа УНЕСКО тука има голем придонес. Јас се тревожам кога читам: ќе се почитува националниот и културниот идентитет и – се заборава. Не може така. Тоа е суштината. Нема поприродно нешто за мене од тоа да го сакаме, да го негуваме, да го чуваме мајчиниот јазик, но и да го почитуваме сечиј мајчин јазик како да е наш. Бидејќи токму таа енормна љубов нè обврзува истото да го мислиме и за другите. Почитувањето на јазичната разновидност значи почитување на културната различност. Секој мајчин јазик што се говори кај нас е вреден дел од заедничкиот културен мозаик, зашто почитувањето и негувањето на сите заедници ќе ја зајакне културата на дијалогот и толеранцијата, ќе влее доверба и ќе создаде општество во кое различноста нема да ја доживуваме како нематената сила туку како сила што обединува, а не разделува“, истакна Сиљановска-Давкова во обраќањето.

    Додаде дека во овие непредвидливи времиња, кога големите сили се престојуваат, секогаш на удар се малите народи и малите јазици и дека одбраната е во рацете на говорителите на македонскиот јазик, но подеднакво и во рацете на институциите, професорите, учителите, лингвистите, медиумите…

    „Мора постојано да си се потсетуваме дека јазикот е темелот на идентитетот, јазикот е чувар на колективната меморија и јазикот е единствениот мост што нè води напред во иднината. Во него се запишани искуствата на сите минати генерации, во него се вградени стремежите на оние што ќе дојдат по нас. Овој ден не е само повод за одбележување, туку и потсетник за одговорноста што ја имаме кон јазикот како кон непроценливо културно наследство и богатство и како кон моќно миротворно оружје. Да си го развиваме, да си го унапредуваме мајчиниот јазик во образованието, науката, културата, во дигиталниот простор и да создаваме услови тој да продолжи да се развива во чекор со современиот свет. Внимателно и одговорно да го користиме во јавниот простор – во медумите, во секојдневниот живот, и да сториме сè за научно проучување и вложување во него. Не се само институциите што треба да се грижат, туку секој поединец со секој изговорен збор и напишана мисла“, порача Сиљановска – Давкова.

    Директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска, во поздравното обраќање истакна дека многувековната борба за слобода, државност и признат македонски јазик нѐ научи на заемно почитување на различните култури и различните јазици.

    „Почитувањето на сопствените корени, традицијата и народната мудрост да ги преточиме во завештание за идните генерации со порака за толеранција, прифаќање и респект кон различностите. Големиот Петре М. Андреевски потсетува: ‘Без јазикот ќе си недостигаме самите на себе, оти само јазикот никогаш не нѐ оставил сами и тој памети многу повеќе отколку што ние можеме да заборавиме’. Зашто: ‘Јазикот е нашата татковина’ како што констатира Конески. Или: ‘Јазикот е наше духовно благо’ порачува Мисирков“, рече директорката на Институтот.

    За значењето на мајчиниот јазик зборуваше проф. Гоце Цветановски, автор на првиот Македонски етимолошки речник, чиј прв том беше промовиран на крајот од минатата година. Тој рече дека прашањето за јазикот не е само лингвистичко, туку е прашање на достоинство, идентитет и право на постоење и дека јазикот не е административна, туку духовна и културна категорија.

    „Јазикот е универзална човечка способност, но истовремено и најдлабока ознака на припадност. Тој ги поврзува луѓето во една заедница, ги врзува со историјата и со територијата… Јазикот не е само граматика и речник, тој е архива на културната меморија. Јазикот памети, понекогаш повеќе отколку што сме свесни ние. Во време кога идентитетите често се доведуваат во прашање, јазикот останува најстабилниот столб“, кажа Цветановски.

    На настанот во Институтот за македонски јазик по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик стихови од Конески, Шопов и Андреевски интерепретираше актерот Никола Ристановски.

    УНЕСКО во 1999 го прогласи 21 февруари за Меѓународен ден на мајчиниот јазик во чест на загинатите студенти од Источен Пакистан, денешен Бангладеш, кои во 1952 протестираа затоа што нивниот мајчин бенгалски јазик не беше признат за службен. 

     

    Previous ArticleКомеморација за актерката Ленче Делова се одржа во Драмски театар
    Next Article Важно е кој нѐ претставува надвор, акцентот го ставаме на кариерни дипломати, порачува претседателката на Македонија

    Поврзани вести

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    12/04/2026

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    12/04/2026

    Велигденска честитка од претседателката Сиљановска: Да го разбудиме духот на соборност и заедништво!

    12/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.