Шкендија вечерва на Арената во Скопје доживеа пораз од Самсунспор со 0:1. Па така на реваншот за седум дена во Турција ќе има негатива од еден гол. Гостите победија со голот на Мариус во финишот на средбата, се чини и тоа како заслужено.
По натпреварот, првиот од плеј – офот во Лигата на Конференции, свое видување имаше стратегот на нашиот шампион Јетон Беќири:
„Прво да им честитам на гостите на победата. Едноставно беа подобар тим вечерва. Според мене ние не бевме на нашиот максиумум. Јасно е дека кога играте со така квалитетен противник мора да ги искористите своите шанси, а ние тоа не го сторивме, а имавме две – три. За разлика од нас гостите постигнаа еден гол и победија. Сега ни следи меч со Силекс, а потоа реваншот на гости со Самсун на кој ќе се обидеме да се претставиме во подобро светло“.
