Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Меси во Белата куќа кај Трамп: Го гледав Пеле, но ти можеби си подобар!

    (Видео) Позната инфлуенсерка го роди деветтото дете: „Ова веројатно беше мојата последна бременост“

    Почна новата ера во Формула 1, Оскар Пјастри најбрз по првиот ден

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Герапетритис: Важно е ЕУ да остане доследна и да му даде нов поттик на Западен Балкан
    Политика

    Герапетритис: Важно е ЕУ да остане доследна и да му даде нов поттик на Западен Балкан

    23/02/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Денеска ќе имам можност да се обратам и да ги информирам моите колеги министри за надворешни работи за волјата на Грција да преземе низа иницијативи во врска со интегративниот пат на Западен Балкан. Во изминатите четири години Европската Унија веќе разви многу активности, што се во насока на нејзината отпорност и конкурентност. Важно е Европската Унија да остане доследна по 2003 година и солунската агенда и да им дадеме нов поттик и нова визија на народите од Западен Балкан, а Грција ќе се погрижи да биде земјата што ќе го забрза процесот во таа насока“, рече министерот за надворешни работи на Грција.

    На средината на декември, како што тогаш објави МИА, висок грчки дипломатски извор брифира дека Атина ќе преземе иницијативи и низа активности за ЕУ-перспективата на Западен Балкан, но и дека Герапетритис во текот на 2026 година ќе ги посети сите земји од регионот.

    Тогаш изворот посочи дека активностите и иницијативите се во пресрет на грчкото претседателство со Европската Унија во втората половина на 2027 година, а официјална Атина го продолжува она што го почна во 2003 година со солунската агенда за интеграција на земјите од регионот во ЕУ.

    Според истите извори, за Грција е многу важно до грчкото претседателство да бидат созреани условите за напредокот на земјите на нивниот европски пат.

    Паралелно, високиот дипломатски извор нагласи дека еден од најголемите приоритети на грчката дипломатија во 2026 ќе биде побрзиот процес на интеграција на овие земји, а Грција ќе продолжи да биде силата што ќе ја забрзува целата процедура.

    Официјална Атина доста често порачува дека позицијата на Грција е дека иднината на регионот е во ЕУ, а земјата цврсто ја поддржува европската перспектива доколку се исполнуваат условите и предусловите. 

    Previous ArticleПецов: За нас секој домашен меч е финале
    Next Article Стоилковиќ-Мацура: Економското јакнење на жените е предуслов за намалување на нивната ранливост

    Поврзани вести

    Сали: Испораката на реформите е клучна за напредокот на Македонија кон членство во ЕУ

    05/03/2026

    ЦИА со почит за Глигоров што одбил 100 милиони долари од Грција за да се купи името на Македонија

    05/03/2026

    Адмир Шабани и Дритон Сулејмани избрани во Собранието за заменик-министер за одбрана и заменик-министер за образование

    04/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Меси во Белата куќа кај Трамп: Го гледав Пеле, но ти можеби си подобар!

    (Видео) Позната инфлуенсерка го роди деветтото дете: „Ова веројатно беше мојата последна бременост“

    Почна новата ера во Формула 1, Оскар Пјастри најбрз по првиот ден

    САД и Венецуела ќе ги обноват дипломатските односи

    НАЈЧИТАНИ

    Перински: Преку 220 милиони евра на располагање за општините – Берово пример за одржлив локален развој

    26/02/2026

    КОЧАНИ ТРИ ДЕНА ЌЕ ТАГУВА И ЌЕ СЕ СЕЌАВА: Објавена програмата за годишнината од трагедијата во „Пулс“!

    26/02/2026

    Финална вечер на Работничките спортски игри 2026 во спортската сала „Македонски бранители“

    05/03/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.