Во спортската сала „Македонски Бранители“ во Берово започнаа Работничките спортски игри 2026 – турнир во мал фудбал, организиран и под покровителство на Општина Берово. Првото коло донесе интересни, неизвесни и динамични натпревари, каде екипите прикажаа борбен дух и фер-плеј.
Резултати од првото коло:
- Образование – МВР 4:2
Екипата на Образование стартуваше сигурно и со ефикасна игра го совлада МВР со убедлив резултат. - АРМ – Фагус и Национални шуми Пехчево 2:0
Армијата прикажа цврста игра и со два погодоци обезбеди сигурна победа. - Општина Берово и Здравствен дом – Приватни фирми и угостители 0:1
Во израмнет натпревар, минимална победа од 1:0 за екипата на Приватни фирми и угостители. - Труд и социјала – Роми 1:1 (по пенали 3:2)
Нерешен резултат по регуларниот дел, а победникот беше решен по изведување пенали, каде Труд и социјала беа поуспешни.
Првото коло ја најави возбудливата сезона на Работничките спортски игри, со силна поддршка од публиката и ветување за уште повеќе неизвесни и динамични натпревари во следните кола.
