Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Муцунски во дводневна посета на Израел

    (Видео) Крофна од 4 евра стана туристичка атракција на Доломитите, луѓето доаѓаат само за неа

    Објавен првиот од двата предвидени броја на списанието „Современост“ за 2026 година

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Свет»Бројот на загинати во поплавите во Бразил порасна на 46
    Свет

    Бројот на загинати во поплавите во Бразил порасна на 46

    26/02/20261 Min Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Најмалку 46 лица загинаа во поплавите што ја зафатија југоисточната бразилска сојузна држава Минас Жераис, соопшти државната противпожарна служба вчера.

    Поплавите принудија околу 3.600 луѓе да ги напуштат своите домови во градовите Жуиз де Фора и Уба.

    Откако дождовите стивнаа во вторникот, локалните власти и волонтери започнаа со расчистување на теренот со помош на жителите кои останаа без домови и ги загубија своите најблиски.

    Градоначалничката на Жуиз де Фора, Маргарида Саломао, ги повика жителите што живеат во ризични подрачја да ги напуштат своите домови и да побараат засолниште во центрите што ги отвори општината. Градот и натаму е во состојба на елементарна непогода.

    Владата на Бразил соопшти дека ја забрзала испораката на хуманитарна помош и испратила здравствени работници и припадници на националната одбрана во погодениот регион.

    Голем дел од Бразил во летниот период, од декември до март, влегува во пикот на дождовната сезона, кога се чести интензивните врнежи, невреме, поплави и свлечишта. Од градската управа на Жуиз де Фора информираа дека ова е најврнежливиот февруари во историјата на градот, со количина на дожд што веќе е повеќе од двојно поголема од просекот за овој месец.

    Previous ArticleМурињо во свој стил – се скри на „Сантијаго Бернабеу“
    Next Article Дијалози на современиот авторски филм: регионални гласови и европски кинематографски традиции во програмата на Кинотека на Македонија – март 2026

    Поврзани вести

    Сателит на НАСА следел огромна санта мраз која пропатувала 1.500 километри од Гренланд

    23/08/2026

    Австралија го потврди првиот случај на птичји грип H5N1 кај цицач

    23/08/2026

    16 лица загинаа откако руски дронови погодија преполн трговски центар во Украина

    22/08/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Муцунски во дводневна посета на Израел

    (Видео) Крофна од 4 евра стана туристичка атракција на Доломитите, луѓето доаѓаат само за неа

    Објавен првиот од двата предвидени броја на списанието „Современост“ за 2026 година

    (Видео) Вучиќ го угости Жан-Клод Ван Дам: „Изгубив во буткање со раце“

    НАЈЧИТАНИ

    Меѓународен пробив на песните на Гордана Каракашевска

    20/08/2026

    Одличен настап на учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево во Сплит!

    20/08/2026

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.