Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Мангата „Монстер“ и реиздание на „Модести Блејз“ избрани за најдобри стрипови во регионот за 2025 година

    „Шкендија има одличен тим, ростер за респект, ние нема што да загубиме“

    (Видео) Актерката покажа нова верзија на „гол фустан“, сите се прашуваат – дали е навистина гола?

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Златко Перински во работна посета на Делчево: Интензивирани инфраструктурни и туристички проекти вредни околу еден милион евра
    Македонија

    Златко Перински во работна посета на Делчево: Интензивирани инфраструктурни и туристички проекти вредни околу еден милион евра

    26/02/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска беше во работна посета на Општина Делчево во рамките на кампањата „Каде што срцето е дома“. За време на посетата, министерот оствари средба со градоначалникот Иван Гоцевски и заедно извршиja увид во текот на градежните работи за реализација на проектот од ИПА-Програмата „Интегрирани прекугранични туристички акции во регионот Благоевград-Делчево“, вреден околу 1 милион евра.

    -Овие инвестиции се директен одговор на потребите на граѓаните и придонесуваат за унапредување на јавниот простор, спортот и рекреацијата, нагласувајќи дека Министерството останува силен партнер на општините, истакна Перински.

    Тој информираше и за актуелниот повик објавен од Министерството и Бирото за регионален развој, преку кој на општините им се ставаат на располагање над 223 милиони денари за нови развојни проекти.

    На новинарско прашање дали Министерството може да направи повеќе за Општина Делчево која е финансиски лимитирана поради долг, Перински истакна дека се работи и на надминување на финансиските предизвици на општините, преку поддршка за ажурирање на базите на даночни обврзници и зајакнување на сопствените извори на приходи.

    Градоначалникот Гоцевски оцени дека посетата на министерот е од исклучително значење и потврда дека општините не се оставени сами.

    -Посетата доаѓа во време кога во Делчево интензивно се работи на повеќе значајни инфраструктурни проекти. Со министерот направивме увид во реализацијата на големиот ИПА-проект што го спроведуваме во партнерство со Општина Благоевград, вреден околу еден милион евра, од кои Делчево реализира над 388 илјади евра за изградба на скејт-парк и уредување на кејот на Брегалница во должина од 300 метри, изјави Гоцевски.

    Тој додаде дека со проектот се превенираат поплави, се штити имотот на граѓаните и се создава функционална целина поврзана со спортскиот центар, која ќе биде во служба на спортот, рекреацијата и туризмот. Паралелно, во рамките на проектот се развива и маркетинг-стратегија за промоција на туристичкиот производ на прекуграничниот регион.

    Гоцевски изрази благодарност за поддршката од Министерството за локална самоуправа за националното кофинансирање од 58 илјади евра, оценувајќи дека проектите значително ќе ја подобрат сликата на Делчево и квалитетот на живот на граѓаните во пограничниот регион.

    Покрај градежните активности, во рамки на проектот се развива и маркетинг-стратегија за промоција на туристички производи, како и други активности насочени кон јакнење на капацитетите и заедничка туристичка понуда на прекуграничниот регион.

    Гоцевски изрази благодарност за поддршката од Министерството за локална самоуправа за националното кофинансирање во износ од 58 илјади евра, оценувајќи дека станува збор за проект кој значително ќе ја подобри сликата на Делчево и животниот стандард на граѓаните во пограничниот регион.

    Previous ArticleПожарникарите од Доброволното противпожарно друштво гаснеа пожар кај село Црник
    Next Article Перински: Преку 220 милиони евра на располагање за општините – Берово пример за одржлив локален развој

    Поврзани вести

    Заседаваше Советот за безбедност, состојбата во земјата е стабилна и безбедна

    02/03/2026

    Пуштени во употреба уште четири километри од Коридорот 8

    02/03/2026

    Македонија е безбедна, нема опасност од војната на Блискиот Исток

    01/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Мангата „Монстер“ и реиздание на „Модести Блејз“ избрани за најдобри стрипови во регионот за 2025 година

    „Шкендија има одличен тим, ростер за респект, ние нема што да загубиме“

    (Видео) Актерката покажа нова верзија на „гол фустан“, сите се прашуваат – дали е навистина гола?

    Жени, не треба да се обидувате да ги промените овие три работи кај мажот

    НАЈЧИТАНИ

    Перински: Преку 220 милиони евра на располагање за општините – Берово пример за одржлив локален развој

    26/02/2026

    Теренско противпожарно возило донација за ДПД Пехчево од Rotary Club Skopje West

    01/03/2026

    МНР: Македонските државјани во Израел да ги следат безбедносните упатства

    28/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.