Градоначалникот на Општина Пехчево по остварениот состанок со директорот на Јавното претпријатие Национални шуми, а во соработка со ЈКП „Комуналец“ – Пехчево и Јавното претпријатие Национални шуми – Подрачна единици Равна Река Пехчево, пристапи кон уредување на шумските патишта, се со цел да се спречи загадувањето на улиците во Пехчево со кал.
Во соработка со Доброволното противпожарно друштво – Пехчево се врши перење на улиците за да се зачува и заштити околината од загадување.
Општина Пехчево се движи во насока за подобри услови за живот на сите граѓани.
