Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Пелистер утре ги пушта во продажба билетите за големото дерби со Вардар

    МНТ: Денеска се простуваме од нашиот Кили

    Сабриу: Правда за жените значи систем што се прилагодува на преживеаните од родово базирано насилство

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Општина Делчево со повик за расчистување на дивите депонии
    Македонија

    Општина Делчево со повик за расчистување на дивите депонии

    09/03/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Општина Делчево започна голема акција за расчистување на дивите депонии на повеќе локации во градот. Во акцијата учествуваат екипи на ЈКП „Брегалница“, лица ангажирани преку Програмата за јавни работи, како и граѓани ентузијасти кои со механизација и рачно работат на отстранување на отпадот.

    Првата акција беше реализирана на теренот околу тениското игралиште и на влезот на градскиот стадион во Делчево, каде беа расчистени поголеми количества отпад.

    Акцијата се спроведува со поддршка на општествено одговорни компании и граѓани, а од Општината посочуваат дека токму ваквите заеднички активности покажуваат дека институциите, бизнис-секторот и граѓаните можат заедно да придонесат за почиста и поздрава животна средина.

    Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, истакна дека целта на акцијата е не само расчистување на постојните диви депонии, туку и подигнување на јавната свест за заштита на природата.

    – Дивите депонии не само што ја нагрдуваат околината, туку претставуваат и сериозна закана за здравјето на луѓето, почвата и водата. Затоа оваа акција е повик до сите – институции, организации и граѓани – да се вклучат и да придонесат за почиста средина, нагласи Гоцевски.

    Од Општина Делчево упатуваат порака дека чистата околина значи поздрав живот и дека природата не смее да се третира како депонија, бидејќи одговорноста за нејзиното зачувување е на сите.

    Воедно, локалната самоуправа ги повикува граѓаните активно да се вклучат во пријавување и отстранување на дивите депонии, со цел заеднички да се создаде почиста и поздрава средина.

    Граѓаните можат да пријават диви депонии на електронската адреса info@delcevo.gov.mk или на телефонскиот број 033 411 550.

    Од Општината апелираат заеднички да се придонесе за позитивна промена и Делчево да ја дочека пролетта со чиста и здрава животна средина.

    Previous ArticleИ повторно меѓу најдобрите на првиот Телеком мастерс У 19, кој се одржа во Крива Паланка, младата екипа на ППК” Зегин”-Берово повторно докажаа дека дека се најголемиот спортски амбасадор на Малешевијата
    Next Article Нафтата се врати на ниво под 100 долари за барел

    Поврзани вести

    Македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток се вратија во земјава

    12/03/2026

    Почина актерот Кирил Поп Христов- Кили

    12/03/2026

    Николоски на средби во Стејт Департментот, Македонија и САД ќе соработуваат за енергетска транзиција и изградба на коридорите

    11/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Пелистер утре ги пушта во продажба билетите за големото дерби со Вардар

    МНТ: Денеска се простуваме од нашиот Кили

    Сабриу: Правда за жените значи систем што се прилагодува на преживеаните од родово базирано насилство

    Македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток се вратија во земјава

    НАЈЧИТАНИ

    Локалниот младински совет од општина Пехчево заедно со претставници од МВР ОВР Берово и РСБСП на сите возачи од понежниот пол – учеснички во сообраќајот им подарија каранфил

    08/03/2026

    Нова опрема за сениорската екипа на ОФК „Малеш“ Берово, донација од ресторанот „Мис Стон“ – Смојмирово

    06/03/2026

    Завршени Работничките спортски игри 2026 во Берово – победник е екипата на АРМ

    06/03/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.