Младата Тина Русева ја сними својата прва македонска авторска песна.
Нумерата ,,Своја” ќе биде промовирана на 10 март, а Русева открива дека се работи за нешто кое долго време го носела во срце, и се радува што конечно ќе биде споделено со јавноста.
Тина, која по потекло е од Струмица, а со семејството живее во Германија, го сврте вниманието на јавноста со победата на музичкото шоу Гласот на Европа.
Публиката беше импресионирана од нејзиниот емотивен настап и силен вокал, и и даде поддршка за време на шоуто, а продолжува да ја следи и во нејзиниот нов музички почеток.
